НЕ Е САМО БАЈРАКТАР, ИМА И ДРУГИ OПАСНИ ОРУЖЈА: Србија по дипломатски канали реагирала до Турција за вооружувањето на Косово
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2023 15:20
Српските власти се со став дека Турција интензивно ја вооружува Приштина.
Државниот секретар на Министерството за одбрана, Немања Старовиќ денеска изјави дека Турција интензивно работи на вооружување, обука и опремување на косовски безбедносни сили, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Тоа се коси и со Бриселскиот и сите други релевантни договори јави дописникот на МИА од Белград.
„Користејќи дипломатски канали, ние ги предупредивме претставниците на Турција дека ова што се случува е апсолутно неприфатливо. Тие секако, зборуваат за тоа дека се работи за некакви комерцијални аранжмани, за распродажби“, изјави Старовиќ за РТС.
Тој вели дека се работи за вооружување што не е дозволено за Косово и таквото оружје не смеат да го поседуваат Косовските безбедносни сили.
„Од друга страна, врз основа на сето она што го знаеме, имајќи го предвид буџетот што се издвојува за т.н на Косовските безбедносни сили, тие немаат пари за такво нешто и не може да стане збор за комерцијални аранжмани и сосема е сигурно дека се работи за турски донации“, рече Старовиќ.
Вели дека не станува збор само за беспилотните летала од типот Бајрактар, туку и за многу сериозни, софистицирани противоклопни системи ОМТАС, минофрлачи и фрлачи на гранати.
Старовиќ рече дека некој треба да одговори како е можно 24 години по завршувањето на војната, по усвојувањето на резолуцијата 1244, воено-техничкиот договор од Куманово, наместо демилитаризација на Косово, да имаме косовски безбедносни сили опремени со високо офанзивна опрема.
Старовиќ додава и дека Турција е голема сила која има значително политичко и економско влијание на Западен Балкан и дека Србија мора да има добри односи со неа.
Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, објасни дека очекува косовските институции да ја координираат употребата на сите категории беспилотни летала, вклучително и дронот Бајрактар TБ-2.
Претходно, косовскиот премиер Албин Курти се пофали со дроновите и наведе дека Косово е посигурно и гордо.
фото Фејсбук / Албин Курти
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




