Косовскиот министер за одбрана повика граѓаните да донираат пари за купување оружје
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2023 16:32
Косово се вооружува. За таа цел, властите повикаа и граѓаните да помогнат.
Министерот за одбрана Арменд Мехај ги повика граѓаните да придонесат за инвестирање во Косовските безбедносни сили (КБС) со донирање во Фондот за безбедност. Мехај на Фејсбук пишува дека со вооружувањето ја гарантираат безбедноста на државата.
„Нашата армија континуирано се консолидира преку инвестиции во оружје и друга воена опрема. За да бидеме уште посилни за да гарантираме побезбедно Косово, сите вие драги граѓани можете да придонесете со донирање во Фондот за безбедност на активна сметка внатре или надвор од државата. Косовските безбедносни сили, наша гордост“, напиша тој.

Косово се пофали со набавка на турските дронови „бајрактар“. Косовскиот министер за одбрана изјави дека Косово ќе биде 33. земја што ќе се зачлени во НАТО.
Премиерот на Косово, Албин Курти, министерот за одбрана во неговата влада, Арменд Мехај и командантот на ФСК, Башким Јашари, вчера ја претставија набавката на турски дронови „бајрактар“. Нема детали колку точно беспилотни летала се набавени од Турција ниту колку чинат. Дел од српските аналитичари истакнуваа дека треба да се обрне внимание дека Косово сериозно се вооружува со турско оружје.
Инаку, Косово и Србија со месеци се во лоши односи, а Западот повика на деескаалција. Албанскиот премиер Еди Рама предупреди дека Косово може да биде Донбас во срцето на Европа.
Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




