13 Мај, 2024
0.0284

НБРМ: Во третиот квартал лани БДП со раст од 2.4%, носечки сектор беше градежништвото

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во третиот квартал од 2016 година бруто домашниот производ оствари годишен раст од 2,4%, при што носечки сектор повторно е градежништвото, информираат од Народна банка на Република Македонија. 

Клучните макроекономски параметри во домашната економија главно се движеа во рамките на проекциите од октомврискиот циклус, наведуваат од НБРМ. 

„Во третиот квартал од 2016 година бруто домашниот производ оствари годишен раст од 2,4%, при што носечки сектор повторно е градежништвото. Генерална оцена е дека во текот на целата 2016 година економијата продолжи да расте, а стапката на раст е блиску до очекуваниот раст од 2,3% наведен во октомвриската проекција. На збирна основа, економскиот раст за првите три квартали од годината изнесувал 2,7%, наспроти очекуваниот раст од 2,1% во проекцијата. Се очекува проектираниот раст на БДП за цела 2017 да изнесува 3,5%, а за 2018, 3,7%. Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио не се позначително променети во однос на октомвриските проекции и главно се поврзани со неизвесното окружување“ - велат од НБРМ. 

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска ја одржа својата прва седница на која беше разгледан најновиот Квартален извештај, при што беше утврдено дека во текот на последното тримесечје од 2016 година каматната стапка на благајничките записи се намали за 0,25 п.п., а на почетокот на јануари 2017 и за дополнителни 0,25 п.п, со што оваа основна каматна стапка се сведе на 3,5%. 

Овие одлуки на Народната банка беа резултат на видливото и континуирано неколкумесечно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти по претходно преземените мерки за справување со изразените шпекулативни притисоци од неизвесниот политички амбиент во второто тримесечје, а при натамошно задржување на оцените за стабилност на економските фундаменти.

Во рамки на надворешниот сектор, остварувањата во третото тримесечје од 2016 година укажуваат на остварен суфицит во тековната сметкаод 1,4% од БДП, што е на ниво на очекувањата со октомвриската проекција. Притоа, подобри остварувања бележи салдото на стоки и услуги, додека мало негативно отстапување се забележува кај салдото на примарниот доход. Истовремено, во финансиската сметка беа остварени високи приливи на нето-основа од 428 милиони евра, или 4,5% од БДП, а главно како резултат на надворешното задолжување на државата. 

„Девизните резерви се задржаа на адекватно ниво во текот на целата година. И во 2017 и 2018 година се очекува кумулативен раст на девизните резерви, како и нивно задржување во сигурната зона, односно на ниво соодветно за справување со непредвидени шокови“ - додаваат од НБРМ. 

Во третиот и во четвртиот квартал на 2016 година вкупната инфлација изнесуваше минус 0,1%, што доведе до пад на потрошувачките цени за целата година од минус 0,2%. Базичната инфлација, којашто ги исклучува храната и енергијата, во текот на целата година беше позитивна. Во 2017 и 2018 година се очекува умерено забрзување на вкупната инфлација на 1,3% и околу 2%, соодветно, но оваа проекцијата и натаму е придружена со ризици, главно поврзани со движењата на светските цени на нафтата и храната, како и со растот на домашната економија.

Остварувањата покажуваат дека и покрај зголемените ризици поврзани со фактори од домашна и надворешна природа, темелите на домашната економија останаа солидни и во 2016 година. Девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем, коишто беа под најголемо влијание на политичките случувања од вториот квартал, до крајот на годината повеќе од целосно ги надоместија претрпените одливи. Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки, а тоа закрепнување се одвива без ценовни притисоци и во услови на натамошно одржување соодветно ниво на девизните резерви. Ризиците за економијата и натаму се оценуваат како неповолни и се поврзани со домашниот политички амбиент, а присутни се и надворешните ризици. Оттука, Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент, како и од остварување на надворешните ризици.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?