19 Мај, 2024
0.0292

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари – „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на ангелот“

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Денес Советот на Народната банка на Република Македонија ја усвои одлуката за пуштање во оптек на кованите пари за колекционерски цели „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на ангелот“. Овие ковани пари се со апоен од 100 денари, изработени во 5000 парчиња.

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата четиринаесетта седница, на која беше разгледан Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2015 година, при што беше заклучено дека и во тој период вкупната актива на банкарскиот систем забележа раст, во услови на побрз раст на кредитите на нефинансиските субјекти, отколку на нивните депозити.

„Кредитната активност се финансираше преку користење на ликвидните средства на банките, односно со намалувањето на нивните пласмани кај други банки и финансиски институции. Зголемена кредитна поддршка имаше и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, особено кај првите. Вкупните депозити на банкарскиот сектор и натаму растат, но поради внатрешните политички случувања и должничката криза во Грција, тој раст беше помал кај домаќинствата. Зголемувањето на депозитите во банките произлезе од новите денарски депозитни средства на корпоративниот сектор, коишто воедно придонесоа и за намалувањето на рочноста на депозитниот потенцијал.

Зголемената кредитна активност на банките доведе до мало намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, на 11,5%, движејќи се во рамките на вообичаеното ниво за последните две години, помеѓу 11% и 12%. Кај претпријатијата ова учество се зголеми минимално на 16%, заради побрзиот раст на нефункционалните кредити во однос на кредитната поддршка. Кај домаќинствата, стапката на нефункционалните кредити и натаму се намалува, под влијание на забрзаниот кредитен раст, главно кај кредитите наменети за потрошувачка. Поради високата покриеност на вкупните нефункционални кредити со издвоената исправка на вредноста, веројатноста сопствените средства на банките да бидат погодени од евентуалното остварување на кредитниот ризик е мала.

Ликвидноста на банкарскиот систем во Република Македонија и натаму е  стабилна и е на задоволително ниво и покрај користењето на ликвидните средства на банките, коешто се зголеми во вториот квартал од 2015 година. Благото намалување на показателите на ликвидноста беше поизразено кај показателите за денарската ликвидност, но предизвика поместување во структурата на средствата и обврските според преостаната рочност, поточно намалување на средствата со помала преостана рочност и намалување на обврските со поголема преостаната рочност“, стои во соопштението на НБРМ.

Стабилната солвентност на банкарскиот систем дополнително зајакна. Во вториот квартал од 2015 година, стапката на адекватност на капиталот благо се зголеми на 16,2%, при што порастот на сопствените средства на банкарскиот сектор беше главниот фактор за зголемувањето. Профитабилноста и натаму има позитивен тренд, најмногу како резултат на депозитните каматни стапки, коишто опаѓаа и во вториот квартал од 2015 година. Токму стеснетиот простор за натамошно кратење на депозитните каматни стапки се очекува дека ќе претставува значаен предизвик за профитабилноста на банките во наредниот период.

Советот на денешната седница ја донесе и Одлуката за начинот и условите за евидентирање и поднесување извештаи за склучените кредитни работи. Се предвидува дека со Одлуката, којашто замени две претходни одлуки, ќе се поедностави процедурата за евиденција на кредитните работи со нерезидентите, што ќе претставува намалување на товарот за известување, како и рационализација на работењето во Народната банка. Воедно, со намалувањето на обемот на документацијата потребна за поединечно евидентирање на кредитната работа со странство се постигнува целта таа евиденција да биде одредена како статистичка, а тоа е пред сѐ за потребите на официјалните статистики на државата.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа