18 Мај, 2024
0.0279

НБА конечно ќе стави крај на најлошиот договор во професионалниот спорт

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Националната кошаркарска асоцијација ( НБА ) конечно изгледа ќе се ослободи од можеби најлошиот договор во историјата на професионалниот спорт. НБА ќе им плати на двајца браќа 500 милиони долари , за да стави крај на договор, според кој, лигата секоја година обезбедува процент од своите приходи од телевизиските права на поранешните сопственици на тимот од веќе непостоечката Американска кошаркарска асоцијација ( АБА ) , пишува New York Times . Како дел од спојувањето меѓу НБА и АБА во 1976 година, Ози и Даниел Силна, прифатиле да добијат дел од телевизиските права на НБА , за да го затворат својот кошаркарски тим во Сент Луис . Договорот нема рок и бил бесконечен . Со експанзијата на НБА и нејзините приходи од телевизиските права , во последните години, двајцата браќа добивале по 1,9 % од нив или , околу 17.7 милиони долари годишно. Досега, двајцата браќа имаат освоено вкупно околу 300 милиони долари од овој договор . Од НБА исто така стравуваат дека сумата може да порасне , бидејќи браќата покренале тужба и сакале да добијат дел и од приходите кои во 1976 година не постоеле, како емитувањето на натпревари онлајн и предавањето на натпревари во други земји. Според New York Times , како дел од договорот браќата ќе продолжат да добиваат дел од приходите од телевизиските права, како и дел од приходите кои не постоеле во минатото. Двајцата браќа ќе добијат 500 милиони долари однапред, а во новиот договор ќе биде содржана и клаузула за одрекување , која ќе им овозможи на НБА да го прекинат договорот во одреден момент во иднина. Браќата Силна можеше и да не се договараат со НБА и да продолжат да заработуваат пари без да им се наметнува да инвестираат во играчи или да градат нови сали . Стариотдоговор требало да биде почитуван практично додека НБА постои. Осумдесет годишниот Ози и најмногу 69-годишниот Даниел сепак веќе не сакаат да се расправаат постојано со лигата за нивниот удел од приходите, изјавува човек кој е запознаен со преговорите.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата