НАВАЛА ОД МАКЕДОНСКИ РАБОТНИЦИ ВО СРБИЈА: Вучиќ екклузивно, вели најмногу пријави во Отворен Балкан за Србија има од Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 07 Април, 2024
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста истакна дека Србија ќе има проблем со работна сила.
- Добро е што направивме легитимации за Отворен Балкан. Еве ја ексклузивната вест, 2.200 лица се пријавиле, главно од Северна Македонија, да дојдат да работат во Србија. Ќе имаме проблем со популистичките движења, кои прво ќе бараат да не се работи во недела, па да не се работи во петок, па да се работи 30 часа неделно итн. Ќе имаме и проблеми со населението, иако ситуацијата ни е лоша, но помалку лоша од сите други. За нас е голем проблем што има дел од луѓе кои не прифаќаат повратници од странство - истакна тој.