Наумов со предупредувања за растот на јавниот долг
Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2016
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов повторно предупредува за раст на јавниот долг.
Тој посочува дека со следната закажана аукција на домашни хартии од вредност, државниот долг ќе се зголеми за нови 12.2 милиони евра и покрај тоа што не доспеваат долгови за враќање.
Наумов обвинувањата ги насочува на адреса на министерот тврдејќи дека Кирил Миноски продолжува и во месец ноември да ги задолжува граѓаните за нови 2 милиони евра дневно.
Јавниот долг ги надмина критичните 50% од БДП, граница која Меѓународниот Монетарен Фонд препорача да не се надминува.
Наумов во соопштението до јавноста потсетува дека Министерот за финансии јавно се обврза дека после секое ново задолжување ќе ја објавува состојбата на државните депозити, но до сега ниту еднаш го нема сторено тоа.