13 Мај, 2024
0.0262

Наум Пановски: На Македонија и е потребна морална катарза, ново раѓање, нов почеток!

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Судбината на Македонија е во храбрите раце и во високо и достоинствено подигнатите глави на граѓаните. Тие морат да се изборат за својата земја. Тоа е императив на денот како силен одговор на системското разградување и распаѓање.Избори може да има на 24 Април, на 5 Јуни, или на било кој друг ден во годината, но вистински демократски промени и било какви други промени во Македонија нема да има. Тие во овој момент и во следните десетина-петнаест години не се можни. И причините за тоа, не се политички, туку културолошки - вели во интервју за Фактор, театарскиот режисер и драматург,  Наум Пановски.

Моменталната како што ја оценува очајна политичка состојба,  според него трае многу долго. И таа вели не е од денес, бидејќи во конкретниов дневнополички дискурс има и свој точен почеток и свое име.

“Денот е 24 Декември 2012, а името е Црниот Понеделник. Да ве потестам, бидејеки во Македонија кратко се памети, тој ден бруталните и безскруполoзни насилници од ДПМНЕ од позиција на Извршна власт и активно помогнати од нивните соучеснци во тој злочин, пратениците и челниците на ДУИ, насилно ги исфрлија пратениците на опoзицијата и новинарите од Собранитето на РМ и со тоа го погазија и срушија Уставот. Со тој гнасен чин тие браќа по алчност за пари и пролевање крв, практично изведоа пуч, воспоставија би-етничка диктатура, и го започнаа дефинитивното разградување и уништување на Македонија. Ефеките на тој брутален чин ги чувствуваме денес во недоличните коалициски договарања меѓу ДПМНЕ и ДУИ”- потенцира Пановски.

Како професор по глума, режија, теорија, и критика тој долги години живее и работи во САД и вели од оваа дистанца  жално е што во името на разум и мир, да не се пролее крв и ситуацијата да не ескалира во граѓанска војна, опозицијата седна да разговара и преговара со криминалци и злочинци.

 “Затоа ми се чини могу цинично кога слаушам дека Уставот вели ова, или она, или пак дека секој го толкува Уставот како што му одговара. За жал, во Македонија одамна нема ни Устав, ни закони. Во Македонија денес имаме од една страна настрвени насилници, од друга превртливи, опортунисти, лицемери, измамени, ограбени и осиромашени жители. Тоа е еден тажен хаотичен пејсаж без кураж, интегритет и свест за подобро утре”- објаснува Пановски.

Според него итно е потребна нова влада, и тоа сега, овде, и веднаш! Но потребна е како што вели една поинаква влада, создадена и фундирана врз принципите на чесен и сериозен компромис.

“Компромисот во Македонија погрешно се толкува како „уцена“ и како знак на слабост и кукавичлук. Жално е што компромисот не се смета за акт на храброст, како што сугерираат западните дипломати, кои се сериозно загрижени за Македонија. Единственото нешто околу кое што тие неприкосновени македонски лидери се сложуваат е нивната секојдневна борба за неограничена политичка моќ и страста за лична финансиска корист. За жал, кај нив нема страст за „власт на народот, создадена од народот и за народот“ и градење граѓанска и демократска Македонија. Очигледно е дека поради нив Македонија веќе неколку пати паднала на испитот по демократијата и слободата”- потенцира режисерот Пановски.

 Единствениот начин за излез од кризата  вели е  да се создадат сериозни услови за формирање непартиска, надпартиска, стручна влада во функција на враќање на граѓанската, правна држава и демократија. Таа влада според проценките  ќе треба да е краткорочна, да има отворен мандат и да трае две години. Во тој  период според него таквата влада треба прво да спроведе попис почитуваќи ги највисоките европски стандарди, да ги спроведе безкомпормисно сите реформите посочени во изештајот на Прибе, да го ослободи правниот систем и судовите од канџите на насилниците со што ќе ја ослободи заробената држава, на крајот од својот мандат да организира и спроведе навистина слободни и фер избори.

“Меѓутоа сега, во овој критичен момент по непримерната националистичка уцена со “Платфромата од Тирана”, ми се чини дека цената на компромисот кој неминовно треба да се направи е далеку, далеку повисока. Дотолку повеќе што таа уцена ја изместува суштината на вонредните избори. Колку што јас ги разбирам работите изборите беа да се расчисти со автократскиот режим, со криминалот на ДПМНЕ и ДУИ, и да им се врати украдената држава на граѓаните, а не на етничките крда и стада. Јас искрено не верувам дека политичките лидери се способни да го направат тој нужен компромис во име на една ѓраѓанска држава за сите, а не бинационална држава по ќеиф на Села, Ахмети, и Груевски”- вели Пановски.

Борбата за лично добро на поединци според него е секогаш поважна од борбата за доброто на Македонија. Страшно е како што вели тоа што голем дел од таканаречената културна и граѓански ориентирана јавност, оние што се сметаат за просветена елита, не е способна да го разбере и прифати концептот за  надпартиска, непартиска, високо етичка влада, составена од експерти  со голем интегритет.

 “Зa жал искуството ме учи дека тие се спосбни само за крадење на идеи и на нивна злупотреба, а не на соработка, дијалог, компромис и саможртва во името на повисоки идеали и морални вредности. За жал, таквите “интелектуалци” кои до вчера безскрупулозно се хранеа од дојките на диктатурата, опoртунистички и лицемрно ги релативизираат ги маргинализираат идеите за ваква непартиска и надпартиска влада, покажувајки дека сеуште се клиенталистчки и кукавички длабоко заглавени во комфорот на балканската смрдлива кал. Не таласај, ти ли ќе ни кажеш од таму што треба да правиме, ми порачуваат тие”- објаснува Пановски.

Одлуката  на претседателот Иванов мандатот да и го додели на  партијата или колицијата која ќе обезбеди мнозинство во Собранието вели е несериозен чекор.

“Како што и самата држава секојденвно систематски се уништуваше од злочинците во ДПМНЕ и ДУИ кои до сега беа извршна власт, така и институцијата Претседател на Републиката практично се уништуваше и не постои веќе. Постои за жал една тажна марионета која не знае дури ни во која претстава ја играат”- нагласува режисерот.

Суштински важен проблем како што вели е  заминувањето на младите од Македонија што  тој го гледа пред се како резултат на насилството, бруталноста и примитивизмот на власта од една страна, и како резултат  на безидејноста на опозицијата од друга страна. Младите кои се се’ повеќе и повеќе граѓани на светот, според Пановски, очигледно не сакаат да бидат дел од една неморална средина, да бидат злоупотребени  и без резолутни механизми и процеси кои навестуваат хоризонт на надеж, нормално е да си заминуваат. За жал вели вредностите, чесноста, умот одамна не живеат во Македонија.

 “Но ми се чини дека тој процес може многу лесно да се гледа од онаа добрата страна. Тоа може да биде и реверзибилен процес, па така искуството на овие млади луѓе стекнато во тие други цивилизирани средини може да биде од огромна корист за демократската иднина на Македонија. Тие еден ден, за пет десет години можеби ќе можат да бидат “бабиците” во раѓањето на една нова слободна демократска и пред се хумана Македонија. Ако тие млади луѓе не се повикаат дотогаш да помогнат со своето знаење и енергија, ако не им се даде вистинска обврска, доверба и можност и тоа според нивните квалитети и вредности, а не според тоа за кого ќе гласаат, тие ќе дојдат сами да си ја земат украдената мајковина. Не татковина. Татковината е мртва. Мајковината е онаа која треба да се одбрани, која треба повторно да се роди. Македонија што јас ја знам е одамна мртва. Темелите на моето детство и младост се уништени вистински и метафорично. На нивно место е посеан срамен кич создаден од пизма и биготрија. На улицата на моето детство на “Орце Николов” бр. 10, од 25 стари прекрасни костени, останите са само два. Ова што е сега таму не е моја Македонија. Се срамам од неа- завршува режисерот Наум  Пановски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила