16 Мај, 2024
0.1583

НАУЧЕТЕ КАКО: Пет начини да заработите на „YouTube“

Објавено во: Финансии 01 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

YouTube, сајтот за споделување на видео содржина, за младите генрации претставува главен извор на забава и информирање, додека телевизија речиси и да не гледаат. Како што секој медиум има свои ѕвезди, така и овој најпопуларен сајт на светот има - „јутјубери“.

За да станете YouTube блогер, потребно е да поседувате одредени таленти со помош на кои ќе привлечете публика. Што и да работите-глумите, пеете, имитирате, готвите, играте игри, тестирате техника, или држите фитнес часови, важно е тоа да го правите на „телевизичен“ начин, т.е. да мора да држите внимание на публиката. На тремата заборавте.

Вашите идни фанови ќе очекуваат од вас константно интересни прилози, кои треба да бидат одлично спакувани. За квалитетно видео, ќе мора да ги совладате не само основите, туку и напредните техники на снимање и монтажа. За среќа, не мора да запишувате факултет, се што ви треба може да научите на специјализирани курсеви за видео-монтажа, постпродукција и видео анимации.

Откако ќе отворите канал и ќе го поставите првото видео со вистинска промоција на Фејсбук, Твитер, Инстаграм или Снепчет, публиката ќе почне да ве следи. Кога соберете доволен број на прегледи на видеата но и следбеници на вашиот канал, подготвени сте да почнете да заработувате. 

Постојат повеќе начини да заработите од својата популарност.

1. Монетизација

Својот канал може да го пријавите за монетизација на содржината, со што почнувате да заработувате од реклами кои Јутјуб ги поставува додека некој ги гледа вашите клипови. Што повеќе прегледи имате, повеќе ќе заработувате. Овде треба да се напомене и дека заработката ја делите со Јутјуб и дека за вас оди 55% од добивката.

За да заработите од видеата кои ги ставате на Јутјуб, вашето видео мора целосно да биде оригинално дело. Тоа значи дека не може да ставите инсерт од филм или спот, бидејќи тоа не е ваше авторско дело. Јутјуб е многу строг по ова прашање и може да се случи да добиете опомена, дури и во случај музиката да се слуша од ТВ екран во снимката.!

2. Промоција на брендови на каналот

Маркетинг агенциите и бројните компании се секогаш во потрага за иновативни начини на промоција. Јутјуб е многу динамичен пазар и секој кој има гледан канал може да смета на соработка со брендовите. Заработката зависи од тоа колку вашиот имиџ е во согласност со бреднот кој би требало да го застапувате, како и публиката која ве следи.

Од вас би се очекувало да го промовирате брендот во вашите видео клипови, за да тој биде присутен во кадрите и да зборувате позитивно за него. Ако е облека-да ја носите, ако е пијалок-да го пиете. Вештината на продуктот е тоа да не „боде очи“ на гледачите и да не влијае на квалитетот на  материјалот кој го креирате. И овде е од клучна важност монтажата, како вешто би го споиле брендот кој го промовирате во приказната која сакате да ја раскажете.

3.Промоција на брендови надвор од каналот

Покрај промоцијата на брендови на сопствениот Јутјуб канал, одлична заработка претставува и активното учество во промотивни акции на брендот. Тоа може да биде снимање на рекламни ТВ и радио спотови, сликање за билборди, гостувања во продавници, турнеи по градови каде ќе го промовирате брендот. На овој начин популарноста, ќе привлече и други спонзори, кои ќе посакаат да соработуваат со вас. За да дојдете до ова ниво, неопходно е да им докажете на сите дека умеете да направите видео-клипови кои привлекуваат публика. За вакво квалитетно видео, неопходно е да совладате курс видео-продукција,принципи за програма за монтажа во рамки на Adobe Premiere курс, но и методи на завршна обработка на слика на курс постпродукција.

4. Merchandising

Доколку креирате свој бренд, ви се отвора уште еден вид на заработка-продажба на производи со ваш бренд. Тоа може да бидат маички со ваши популарни фрази или фотки. Она што ќе ве разликува од останатите е врвен дизајн кој целосно ќе го искажете во својата креативност. Секој аматерски потег публиката жестоко ќе го санкционира, па секако предупредуваме да ги унапредите вашите вештини во областа на печатењето и графичкиот дизајн.

5. Crowdfunding

Еден од најинтересните начини на финансирање е од фановите да побарате одреден износ како би можеле да спроведете некоја идеја во дело. За возврат може да понудите заедно да снимате видео, да поминат време со вас или да добијат посебно дизајнирана маичка. Постојат повеќе сајтови по пат на кои може да ја спроведете оваа идеја во дело а во регионот популарен е Patreon. 

Познавањето на новите медиуми и начин на користење алатки за креирање на мултимедии е клучно доколку сакате да се докажете на Јутјуб. Сепак, самоукоста нема да ве однесе далеку, бидејќи токму професионалниот пристап е она што ќе ве издвои од бројната конкуренција.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!