18 Мај, 2024
0.0309

Наставници грешно разбрале дека е незаконски да ги гледаат децата на онлајн час, обучувачите и МОН децидни: Наставата е двонасочна, мора со видео

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Голем дел од наставниците жестоко реагираа по обуките за онлајн предавањата на Националната платформа, тврдејќи дека едукаторите им дале јасно на знаење дека е незаконски да бараат од учениците до 16-годишна возраст да имаат вклучено камера. Велат дека им било укажано дека само децата имаат право да ја гледаат наставничката, но не и таа нив. 

-Како ќе бидеме сигурни дека учениците тоа нема да го злоупотребат ако немаме слика дека присуствуваат на часот. Ученикот може само да пријави дека е тука кога ќе ги прозивам и повторно да легне да спие. Ова се дел од нивните коментари откако повеќемина наставници се обратија до Фактор за да добијат конкретен одговор дали наставата навистина ќе почне да се одвива на овој начин.

Сепак по барање на Фактор од Министерството за образование и наука одговорија дека станува збор за двонасочен процес.

-Онлајн наставата не се снима и не се креира запис. Онлајн часот е како обичен час. Само овластени чинители имаат пристап до онлајн наставата, истите оние кои имаат пристап и кога се одржува настава со физичко присуство – МОН, Бирото за развој на образование, Педагошката служба. Вклучувањето во онлајн наставата е двонасочен процес, ни одговорија од МОН.

Во однос на истото прашање националните обучувачи велат дека наставниците сосема погрешно разбрале и во разговор за Фактор, националниот обучувач, Никола Делевски многу конкретн одговор и целосно објаснување како ќе се одвива наставата на платформата.

-Ставот на националните обучувачи е дека наставата преку платформата е двонасочна за време на часовите и тоа претставува конференциска врска меѓу наставниците и учениците. Камерите мора да бидат вклучени и на едните и на другите. Ако ученикот не вклучи камера ќе се смета дека е отсутен од час. Сепак, поради трошење, односно заштеда на интернет ресурси, учениците не мора за цело времетраење на часот да имаат вклучено камера, но наставникот има право да ги провери во секое време додека трае часот дали се присутни. Најверојатно наставниците грешно разбрале дека не смеат да ги гледаат учениците, бидејќи на обуките се зборуваше дека не е дозволено снимање на часовите. Ова значи дека никако не смееме да ги снимаме децата и тоа е според Кривичниот законик. Дури ни името на ученикот не смее да е видливо на екранот, но ќе повторам уште еднаш, ова се однесува само на снимање. Значи не е дозволено снимање, појасни за Фактор, националниот обучувач Делевски.

Во однос на дилемата пак дали е потребно задолжително да се инсталира Microsoft Teams за непречено користење на платформата, бидејќи родители кои се обидувале да влезат на платформата преку веб страницата www.schools.mk и не успеале, тоа го направиле преку  Microsoft Teams каде што впишале корисничко име и пасворд, (дадени од страна на училиштата), по што успешно биле пренесени на Националната платформа од МОН истакнуваат дека нема потреба.

-Националната платформа за онлајн учење функционира директно во веб-прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari) и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци