18 Мај, 2024
0.0294

Наскоро тендер за ски-патеката на Водно

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Реализацијата на проектот за ски-патека на планината Водно мрдна од мртва точка. Градот Скопје го токми тендерот за јавно приватно партнерство за изградба, управување, користење и одржување на ски- патеката на Водно. Со договорот е предвидено изградба на 4 ски патеки на Водно, со вкупна должина од 3850 метри, три ски лифта, со должина од 1350 метри, два подвижни тепиха со должина од 160 метри, еден ресторан од 200 метри квадратни, административна зграда со ресторан, ски рента и ски школа од 240 метри квадратни,  моторни санки заклучно со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски патрола, акумулација вода и систем за технички снег. Според образложението на Град Скопје, изградбата на ваква скијачка патека, е од големо значење на развој на туризмот во главниот град. Приватниот партнер е должен да ја изгради, управува, користи и одржува ски патеката на Водно. -Со цел унапредување на економскиот и општествениот развој на Градот Скопје, како и подобрување на инвестиционата клима во туристичкиот сектор и развој на Градот Скопје како културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар, една од долгорочните визии и цели на Градот Скопје е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на Водно кој ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти, ќе функционира како посебна понуда на градот Скопје не само во текот на зимската сезона туку и во текот на целата година, а што ќе биде обележје за промовирање на градот Скопје, а истовремено ќе дојде до зголемување на ефикасноста во туризмот, како и развој на рекреативниот и професионалниот ски – спорт, стои во образложението на Градот. Концесионерот е должен да изгради современ туристички скијачки комплекс кој ќе функционира како посебна понуда на градот Скопје не само во текот на зимската сезона туку и во текот на целата година, да ја подобри туристичката понуда, да изгради модерен скијачки центар по сите светски стандарди. Ско ски- патеката ќе стопанисува 25 години а потоа е должен да ја предадево во владение на Градот. За времетраењето на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, приватниот партнер ќе плаќа концесиски надоместок, на годишно ниво во износ од 1% од вкупниот годишен приход утврден врз основа на официјалните годишни финансиски извештаи на приватниот партнер. Изборот на концесионерот ќе се изврши во рок од шест месеци. Идеја стара три години Проектот за скијачка патека на Водно се најави во 2009 година. Уште тогаш  наиде на остри критики од опозициските советници, кои предупредува дека не­ус­пеш­но­ста на два­та тен­де­ри за из­бор на кон­сул­тан­ти е до­каз де­ка се из­би­ра фир­ма бли­ска до град­ски­те вла­сти. Тие и сега цврсто стојат на ставот, дека се работи за уште ед­но рас­ип­нич­ко тро­ше­ње на град­ски­те па­ри во вре­ме на фи­нан­си­ска кри­за и де­ка про­е­ктот е то­тал­но не­из­др­жан, а ин­ве­сти­ци­ја­та ќе би­де за­гу­бе­на би­деј­ќи ски-па­те­ка­та е пла­ни­ра­но да се на­о­ѓа на јуж­ни­те па­ди­ни на Вод­но и не­ма да има до­вол­но снег. На та­кви­те ар­гу­мен­ти гра­до­на­чал­ни­кот уште ла­ни нај­а­ви де­ка е мож­но при­род­ни­от да се за­ме­ни со ве­штач­ки снег, што пак значи дополнително зголемување на трошоците за изградба. Од Градот сега образложуваат дека е извршено обемно и конкретно истражување за исплатливоста на ски-патеката, во Физибилити студијата „Ски патека Водно“ на конзорциумот Суфаг Спорт унд Фреизеитанлаген и Векон Инт, се анализирале можностите за изградба на скијачкиот комплекс на Водно. Студијта покажала дека на локалитетот Водно постојат сите природни предуслови за изградба на современ скијачко - туристички комплекс, инвестицијата која се очекува да генерира зголемени приходи од работењето на ски патеката, со посетители од сите возрасти, објаснуваат од Градот. Засега не се знае точно со колку пари ќе учествува Градот во јавното приватно партнерство, но во градскиот Буџет за 2013 се предвидени пари за изградба на ски-патеката. Ј.С    

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза