02 Мај, 2024
0.0438

Наскоро музички услуги на Твитер

Објавено во: Стил 16 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Твитер планира значително да ја надмине услугата на микроблог до 140 знака, што сега ја нуди, пренесува ДПА.

Само неколку недели откако популарната платформа за комуницирање откри дека пушта нова видео услуга, таа се подготвува на своите стотици милиони корисници да им предложи нов начин за симнување и слушање музика.

Социјалната мрежа го подготвува лансирањето на мобилен музички прилог, што на корисниците ќе им даде можност да слушаат и испраќаат песни на своите „Епл“ апарати, посочува „Блумберг њуз“.

Прилогот ќе користи музика од услугата SoundCloud, сместена во Берлин. Таа, исто така, ќе ја вклучува технологијата на We Are Hunted (млада софтверска компанија, што минатата година беше купена од Твитер), која на Интернет го дозволува отворањето на  100-те најслушани песни.

Технолошкиот вебсајт cnet.com соопшти дека новиот прилог може да почен со работа до крајот на месецов.