18 Мај, 2024
0.0388

Наскоро ќе се купува алкохол во секое време - Лиценците нечепнати

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Празничната сезона во Македонија е во тек, но законските измени со кои се предвидува укинување на одредбите за ограничување на времето во кое може да се купи алкохол ќе почекаат уште малку. Според најновите информации кои Фактор ги доби од Министерството за економија измените ќе бидат наскоро донесени, ставени на јавно разгледување, а потоа ќе се чека и на нивно официјализирање преку собраниска процедура за што ќе биде потребно изгласување и од пратениците.

„Министерството за економија работи на подготовка на измена на законот за трговија и набрзо се планира негово објавување на ЕНЕР системот за коментари од бизнис секторот и други чинители“ велат од Министерство за економија.

Со оглед на тоа што во досегашната јавна дебата се споменуваа и бензиските пумпи како трговски објекти на кои би можеле да се продава алкохол еве што ни одговорија од МЕ.

„Предложените измени во Законот за трговија ќе бидат во фунција на укинување на ограничувањата во Законот кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и можност алкохолни пијалаци да се продават во киосци, освен на бензинските станици“ стои во одговорот од министерството.

Исто така трговците може да бидат мирни бидејќи не се планирани измени или поскапување на актуелните лиценци за продажба на алкохол, ниту пак на нивно поевтинување. Ова за нив е важен сегмент бидејќи од здруженијата велат дека голем број на трговски субјекти по ограничувањето за продажба на алкохол не ги продолжувале лиценците, па сега ќе треба одново тоа да го сторат.

„Надоместокот за лиценца за продажба на алкохолни пијалаци е регулиран во член 23-а на Законот за трговија од 2008 година. Во тековните измени на законот нема да се интервенира во наведениот член (23-а).

Имено, 20.000 денари е надоместок за вадење на лиценца за продажен објект по првпат, која важи 2 година.

За продолжување на лиценцата  трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој  продажен објект, ако има до  три продажни објекти, и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година. Секоја издадена лиценца важи за период од 2 години“ ни одговорија од Министерството за економија.

Измени на законот за продажба на алкохол побараа здруженијата од стопанските комори со образложение дека овие мерки на ограничување не ги дале посакуваните ефекти. Секако, забраната за продажба на алкохол на малолетници е ефикасна и треба да остане на сила, но временското ограничување на продавање алкохол зиме до 21 часот и налето до 19 часот треба да се укине. Со тоа трговците очекуваат да им се подобри прометот и да си ги вратат муштериите. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа