„Насилствата во општина Центар“ ќе ги соочат во суд Груевски и Жерновски
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017
Екс премиерот Никола Груевски и актуелниот градоначалник на општина Центар денеска треба да се соочат на суд во врска со случајот за насилството во Општина Центар..
Груевски е првообвинет од СЈО во овој случај а обвинети се и Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.
Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.
Обвинението по куса постапка е поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рекоа од СЈО, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови.
„Мотивите се лукративни! Тие се бизнис-интереси на поединци“, рече обвинителката Фетаи и соопшти дека за овој случај имаат бројни видеозаписи, 20 сведоци на настанот и други докази.