03 Мај, 2024
0.0304

Нарачал „ајфон“ на интернет, добил кривична пријава

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Скопјанецот Виктор непријатно се изненадил кога на шалтер во пошта наместо нарачаниот преку интернет „ајфон“ добил царинско решение за привремено задржување на стоката поради можен фалсификат. На светски познатата интернет- страница за онлајн- шопинг пишувало дека станува збор за оригинален производ, но сега се довел во ситуација да се правда пред цариниците дека не е криминалец кој повредува право од интелектуална сопственост.

Ова е само еден пример со кој во Организацијата на портошувачи на Македонија (ОПМ) укажуваат на внимателност при купувањето на производи преку интернет продавници или социјални мрежи, без разлика дали се регистрирани во земјава или било каде во светот.

- Нарачката ја платив најлегално со кредитна картичка, како и во претходните случаи кога нарачував преку интернет. Досега не сум имал проблем. Но, сега цариникот ми кажа дека се сомневаат во фалсификувана стока и мора да го запленат мобилниот телефон за да извршат проверка. Ако се потврди дека станува збор за фалсификат, ќе го уништат. Чекам што ќе ми кажат, ќе останам и без пари и без часовник- вели Виктор.

И брендот „Фејсбук“ заштитен во Македонија

Во Царинската управа велат дека, согласно законот, не поднесуваат пријава за прв прекршок, но од неа нема да се спаси секој што по втор пат се обиде да стави на царинска постапка стока која повредува право на интелектуална сопственост. За привремено задржаната стока, Царината го информира носителот на правото на трговската марка или неговиот застапник во земјава за да добие на повратен одговор дали стоката е оригинал или не. Инаку, на крајот од 2016 година, во нашата Царина регистрирани барања за царинска заштита на нивните права од интелектуална сопственост имаа 908 светски трговски марки, меѓу кои „Фејсбук“, „Јувентус“, „Хуго Бос“, „Фред Пери“, „Палмоливе“ „Токинг Том“, „Џип“, „Нутела“, „Др. Дре“, „Џони Вокер“ и други.

- По добивање на потврда дека стоката е фалсификат од страна на носителот на правото или неговиот застапник, истата се уништува под царински надзор. Согласно одредбите од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост ќе му се изрече прекршок на правно лице, трговец поединец или физичко лице доколку по втор пат се обиде да стави на некоја царинска постапка стока која повредува право на интелектуална сопственост- велат во Царинската управа.

Според нивните податоци, во текот на 2016 година се спроведени 154 акции и привремено се задржани 814.384 парчиња стока. Во првите шест месеци од 2017, во 16 акции се задржани 478.056 сомнителни парчиња стоки и поднесени се кривични пријави за повреда на правата од интелектуална сопственост против осум физички лица и исто толку правни лица, Најчесто на удар се мобилните телефони и батерии за нив, рачните часовници, авто- делови, парфеми, козметика, женски чанти, облека и обувки од различни светски познати трговски марки.

Фалсификуваната стока се уништува, но ако станува збор за облека и обувки, законот дозволува откако ќе биде ребрендирана, односно отстранети логоата и марките, да биде донирана на социјално загрозени граѓани.

Проверка на веб- продавницата

Во ОПМ велат дека константно се обидуваат да ги информираат и едуцираат потрошувачите како безбедно да ги користат услугите на интернет продавниците и како да избегнуваат измамнички интернет продавници.

- Во изминатиот период многу често се случуваше одредени интернет продавници иако преставени на македонски јазик и кирилско писмо, да бидат регистрирани надвор од територијата на Република Македонија, па поради тоа Државниот пазарен инспекторат како надлежен орган во случаи за интернет купување на производи и услуги да нема надлежност, а потрошувачите да не можат да ги оставарат своите права- велат во ОПМ.

Тие на потрошувачите им препорачуваат да внимаваат при купувањето преку интернет дали веб продавницата ги исполнува законските услови да продава производи или услуги преку интернет, односно дали е јасно наведено која фирма го продава производот или услугата, кое е седиштето на фирмата, каде може да се врати производот, дали има телефонски број за контакт и дали има објавено формулар за враќање на производ каков што е предвиден со Законот за заштита на потрошувачите.

- Тие што ќе купат производ без притоа да ги проверат овие информации и без да им биде врачен валиден документ за купопродажба, односно фискална сметка, се доведуваат во ризик да не можат да ги остварат своите потрошувачки права- велат во Организацијата на потрошувачите.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен