Напрaвете бизнис изгубено-најдено
Објавено во: Финансии 10 Април, 2016
Самите знаете колку е тешко кога ќе изгубите некој документ, и ова може да биде идеја за бизнис.
Оваа идеја е одлична за средношколци кои преку летото имаат слободно време и можат да го искористат за нешто практично. Треба да отидете во обиколка на повеќе институции и да соберете што повеќе изгубени документи. Потоа направете систематизација и соберете ги броевите и адресите на сопствениците на изгубените документи. Потоа можете да ги разнесувате документите по градови. Вашата заработка ќе биде во тоа што ќе добивате надомест од граѓаните на кои ќе им ги вратите документите.
Ако дневно однесете барем десет изгубени документи ќе направите нешто корисно за себе и за другите.