15 Мај, 2024
0.1498

НАПРАВИВМЕ СЕ ЗА ДА ЈА СПАСИМЕ ДЕВОЈКАТА, НО СОСТОЈБАТА И СЕ ВЛОШИ СО СРЦЕВА СЛАБОСТ - од Здравство за Фактор

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

За младата пациентка од Тетово која денеска на Инфективната клинука почина од КОВИД-19 не било пријавено дека има хронични заболувања, но лекарите во следните денови ќе разговараат со семејството, за да утврдат присуство на можни коморбидитети. 

Фактор се интересираше како се случи да почине младата девојка, најмлада досега откако постои епидемијата на коронавирусот во земјава, и дали овој негативен исход можеби можеше да се спречи. 

Еве што одговараат за Фактор од Министерството за здравство.

„Пациентката била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите, се јавила во болницата во Тетово. Направен е тест за ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана. Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни“, објаснуваат од МЗ.

Во тек на лекувањето на клиниката, како што нагласуваат, биле применети сите можности за лекување, по што се забележало извесно подобрување, но краткотрајно, со наредно повторно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија. 

„И покрај сите преземени начини за лекување во тесна соработка со кардиолог, пациентката и подлегна на болеста“, објаснуваат од Министерството за здравство.

За пациентката, нагласуваат, нема пријавен податок дека имала претходни хронични заболување, но поради сомнеж на лекарите за можни коморбидитети, во следните денови ќе се разговара со семејството за здравствената состојба на починатата пред инфекцијата со ковид-19.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“