Напад во џамија во Лондон - избоден човекот кој ја водел молитвата
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2020
Во главната џамија во Регентс парк во Лондон, денеска по 15 часот е изведен напад во кој маж со нож го избодел човекот која ја водел попладневната молитва – мујазинот.
Повредениот човек е префрлен во болница, а британските медиуми јавуваат дека е тешко ранет и дека се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Полицијата соопшти дека на местото на нападот е уапсено едно машко лице.