НАПАД НА РУСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА: Исламска држава преземала одговорност
Објавено во: Свет 22 Април, 2017
Американската компанија SITE, која ги надгледува онлајн активностите на џихадистичките организации, објави дека ИСИС ја преземала одговорноста за нападот на канцеларијата на руските разузнавачки служби ФСБ во Хабаровск.
Како што се наведува, ИД тоа го објавила по пат на својата новинска агенција Амак.
Вчера вооружен маж упаднал во канцеларијата на руската разузнавачка служба ФСБ и убил еден вработен и еден цивил, бидејќи претходно убил инструктор во стрелачки клуб и го украл неговото оружје.