14 Мај, 2024
0.0271

Намалувањето на грчкиот долг се најде во европските парламенти

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Грција ја договри исплатата на новата транша помош, но во делот на намалување на грчкиот долг три национални парламенти од 17-те земји членки на еврозоната ќе мора да гласаат за одобрување на ваквиот договор на меѓународните кредитори.

Долниот дом на германскиот Парламент оваа недела ќе расправа и ќе гласа за договорот кој вклучува намалување на каматите, продолжување на доспевањето на заемите од 15 на 30 години и 10-годишно одложување на отплатата на каматите. Пакетот исто така предвидува на грчката Влада да и се овозможи да ги откупи своите обврзници од приватните инвеститори по намалени цени, како и дека ќе и се вратат 11 милијарди евра од профитите во националните банки кои се собрани со купување од страна на ЕЦБ на намалените грчки државни обврзници на секундарниот пазар.

Холандскиот Парламент исто така мора да го одобри договорот, но и овде, како и во Германија, не се очекуваат проблеми. Во Финска, каде што пратениците од претходно имаат поставено тешки услови за поддршка на кризи, и бараат гаранција за заемите за Грција, парламентарниот комитет однапред и даде на министерката за финансии Јута Урпилаинен  преговарачки мандат и таа за време на состанокот на еврогрупата постојано се консултирала со нив, пред да се согласи со што било. Францускиот Парламент исто така ќе мора да го одобри договорот, но тоа ќе го стори во рамките на гласањето за буџетот за 2013 година, или за дополнувањето на буџетот за 2012.

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни