14 Мај, 2024
0.1100

ПРОМОТИВНО ВО ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

Намалени каматни стапки на потрошувачки кредити со кредитно животно осигурување

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од 03.10.2016 г. Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивна понуда во своето кредитно портфолио, овозможувајќи им на клиентите да добијат Кеш кредит, Компакт кредит или Кеш хипотекарен кредит со кредитно животно осигурување по исклучително конкурентни каматни стапки и поволни услови на користење.

Имено, сите нови клиенти кои во промотивниот период од 03.10.2016 г. до 31.01.2017 г. ќе аплицираат за Кеш или Компакт кредит, освен  намалените каматни стапки дополнително ќе бидат ослободени од административен трошок и трошок за аплицирање.

Во промотивниот период Кеш Експрес кредитот со кредитно животно осигурување  е со намалена каматна стапка на 5,75% ,фиксназа првата година и без административен трошок и трошок за аплицирање, а Компакт кредитот со кредитно животно осигурувањее со намалена каматна стапка на 5,90%,фиксна за првите 2 години, исто така без административен трошок и трошок за аплицирање. Кеш хипотекарниот кредит со девизна клаузула со кредитно животно осигурување е со фиксна каматна стапка од 6% за првите 3 години и намалени каматни стапки по третата година во зависност од клиентската група.

Клиентите кои ќе аплицираат за Кеш, Компакт или Кеш хипотекарен кредит,  единствено со Охридска банка Сосиете Женерал имаат можност да користат и пакет со кредитно животно осигурување, со кој, во случај на настан кој го покрива осигурувањето добиваат поголема сигурност и финансиска поткрепа на семејството. Така, доколку се случи осигурениот настан; смрт како резултат на несреќен случај и/или болест; целосна и трајна инвалидност како резултат на несреќен случај или болест; трајна и целосна загуба на способноста како резултат на болест или несреќа, осигурителната компанија ќе ја подмири недоспеаната главнина од кредитот што клиентот ја должи кон Банката. Кредитното животно осигурување им овозможува на семејствата посигурна иднина, заштитувајќи ги од оптоварување со долгови кон Банката.

Со воведувањето на оваа исклучително атрактивна промотивна понуда, Охридска банка Сосиете Женерал излегува во пресрет на потребите на клиентите и ја потврдува својата кориснички ориентирана стратегија и континуирана заложба на воведување нови, иновативни и конкурентни банкарски производи и услуги. 


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН