28 Април, 2024
0.1538

Најскапите разводи: како минаа Мел Гибсон, Руперт Мардок и Берни Екслтоун?!

Објавено во: Стил 21 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

И денеска ја продолжуваме приказната за финасиски гледано, најголемите разводи во светот. Денеска бројките ќе бидат уште поголеми и приказните поинтересни.

Мел и Робин Гибсон Без дилема еден од најзоборуваните разводи од Холивуд. После 31 година во брак и по јавното откривање на аферата која Мел ја имаше со Русинката Оксана Григориева, сопругара Робин решава да се разведе од Мел. Двојката немаше предбрачен договор и Мел загуби половина од богаството или поточно речено Робин од бракот излезе со 450 милиони долари. Дека Гибсон не се снаоѓа најдобро со жените како што се снаоѓа со филмовите покажа времето потоа, па така врската со Русинката беше на удар со таблоидите, Оксана гостуваше кај Лари Кинг, беа пуштани снимани разговири на кои Мел се дере...и се тоа се реши како што бива на западот со пари. Неколку милиони за Оксана и плус 750.000 долари алиментација за нивната ќерка Луси. Берни и Славица Екслстоун Сите Вие кои сте фанови на Ф1, сигурно го знаете Берни. Ниското човече кое наликува на некој лик од Господарот на прстените ја препороди Формула еден претварајќи ја во најкапиот циркус на планетата. По пат Берни ја запозна Славица, која е од Хрватска и во која Хрватите се крстеа дека ќе им ја донесе Формула еден на домашен терен. Славица во тоа не успеа, но затоа постигне спогодба со Берни и излезе побогата за фантастични 1,2 милијарди долари. Пред скоро време потроши трошка од парите и си купи авион од 60 милиони долари. Славица е бивш модел на Армани и на сликата горе можеби не е ни на штикли, затоа што од Берни е повисока 30 сантиметри. Руперт и Ана Мардок Руперт Мардок, стар волк и медиумски могул. Долги години не беше баш во добри односи со сопругата Ана и не живееја заедно. Сепак официјално беа во брак 32 години. Двојката немаше договор и сопругата си замина со 1,7 милијадри долари ( од кои 110 милиони во кеш). Ова е најголемата спогодба некогаш постигната на суд и покрај тоа што истата се случила 1999 година, сеуште никој не ја надминал (можеби дека предбрачните договори се пракса). Веднаш по завршување на разводот Ана се венча со инвеститорот Вилијам Мен, додека Руперт со неколку декади помладата Венди Денг. Патем речено денеска Руперт и Венди се разведуваат, но не очекувајте уривање на рекордот затоа што Руперт овојпат си потпишал договор и ќе пројде поефтино овојпат. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти