28 Април, 2024
0.0302

Најскапите разводи…

Објавено во: Стил 20 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Ожени се богато...за да се разведеш побогато. Можеби тоа треба да биде главната поента за тоа што следува во овој текст. Веројатно веќе погодувате за што се работи, па затоа да не должиме многу: Борис Березовки и Галина Бешарова Како што знаете рускиот тајкун не е веќе помеѓу живите, но светот ќе го памети по еден од најскапите разводи. Според весниците двојката поминала само две години заедно во 18 годишниот брак. Но за среќа на Галина, тие немале потпишано прдбрачен договор кој да знаел дека ќе стане милијардер). Па така, Галина завршиле со 163 милиони долари по разни основи. Овој развод е најголем според постигнатата спогодна во британската историја. Мајкл и Хуанита Џордан Најдобриот кошаркар на сите времиња кој за среќа играше во нашето време, беше пример за семеен човек кој ја црпи енергијата од домот. Мајкл Џордан сепак е разведен од првата сопруга веќе седум години. Денеска има друга жена, но Хуанита нема за што да жали, гледано финансиски со тоа што од разводот излезе со 168 милиони долари, ја доби семејната куќа, која е всушност огромен имот од многу квадратни метри и го доби старателството над трите деца. Роман и Ирина Абрамович На почеток да кажеме дека Ирина од овој развод излезе побогата за 300 милиони долари. Згора на тоа доби имот во Москва и Лондон, еден авион и јахта. Сигурно помислувате дека прошла одлично во постапката. Сепак во 2007 година кога ја почнаа постапката се сметаше дека ова ќе најголемата парница во историјата, затоа што Ирина имаше реална можност да добие половина од богатството на Роман. Скоро 19 милијарди долари беше проценет Абрамоч тогаш и како што може да пресметате Ирина доби само два проценти од неговото богатство. Од друга страна среќни можеа да бидат фудбалерите на Челзи и навивачите кои ја освоија титулата во Лигата на Шампионите неколку години подоцна Арнолд Шварценегер и Марина Шрајвер  Сопругата на Арнолд, како што знаеме потекнува од кланот Кенедиеви, па така не се сомневаме дека нејзиното влијание му помогнало на родениот Австриец полесно да стане гувернер на големата Калифорнија. Можеби и затоа Арнолд реши без никакви дополнителни расправии да и додели на сопругата поливина од богаството. Медиумите известуваа дека решил и дека немал проблем да даде и повеќе од тоа. Сумата не беше јавно објавена, но проценките кажуваат дека се работи за сума од некаде 375 милиони долари. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти