18 Мај, 2024
0.0275

Најпознатите милијардери плејбои на денешницата

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Во светот на богатите и успешни мажи, не може да се рече дека секој од нив е Бил Гејтс и дека повеќе се грижи за филантропијата, отколку за своите каприци и ексцентрични желби. Па така го имате Ричард Бренсон, кој живее класичен живот на плејбој милијардер и си ги реализира своите каприци на секој можен начин. Но, Бренсон не е сам, во таа група постојат уште неколкумина ексцентрици и плејбои кои се расфрлаат, односно се расфрлале со своите пари. Шон Паркер Во март 2012 година богатството на Шон Паркер беше проценето на околу две милијарди долари? Од каде толкаво богатство? Таткото на Шон, го научил својот син да програмира уште кога тој имал седум години, па така Шон како тинејџер главно се занимавал себеси преку програмирање и хакирање. Генерално се смета за гениј кога е во прашање програмирањето и веќе во последната година од средното училиште од својот труд заработувал по 800.000 долари годишно, што било доволно добар аргумент за родителите да му дозволат да не оди на факултет и да си направи кариера сам за себе. Тој е еден од основачите на Napster и воедно првиот претседател на Facebook. Финчер во филмот за основањето на Facebook го претстави Паркер како надмен опортунист и човек без некои посебни скрупули (патем беше портретиран од страна на Џастин Тимберлејк). Тоа наиде на реакции кај оние што го знаат, велејќи дека Паркер е сосем спротивното од она што го претставил Финчер. Инаку, годините на луди забави и жени сега веќе се зад 33 годишниот Паркер, кој е свршен со Александра Ленас, пејачка и композитор. Ричард Бренсон Бренсон кој своето богатство го стекна преку компанијата Virgin важи за големо мало дете, кое сака да си игра со скапи играчки. Инаку е мошне важна личност во музичкиот бизнис, нешто што секако го постигна со Virgin која подоцна ќе ја продаде за 500 милиони долари за да може да го одржи својот авио бизнис. Неговото богатство се проценува на 4,2 милијарди долари. Познат е како авантурист и досега се има обидено да скрши неколку светски рекорди, како што е обидот да го обиколи светот со балон и кога во 1985 година проба да го мине Атлантскиот Океан, но сето тоа заврши со драма во која мораше да биде евакуиран со хеликоптер. Бренсон досега два пати бил во брак од кои, првиот заврши со развод, а вториот уште трае. И покрај тоа жените постојано го опкружуваат, почнувајќи од тотално анонимни имиња до познати личности. Принцот Азим Принцот Азим е третиот конкурент за престолот во Брунеи и е познат по тоа што сака да се расфрла со пари. Неговото однесување било толку неподносливо што лично татко му султанот на Брунеи, го испратил на Воена Академија лоцирана во Англија, но тој успеал да доседи таму едвај една недела по што си заминал. Папараците го обожаваат и тоа со причина. Човекот сака да се забавува и тоа приредувајќи екстравагантни забави кои чинат милиони. Во 2009 година приреди роденденска забава која беше прогласена за „забава на годината“, а на неа присуствуваа Мајкл Џексон, Дајана Рос и Скарлет Јохансон. 30-годишниот Азим залудно се обидува да докаже дека има и своја добра страна вклучувајќи се себеси во разни хуманитарни акции. Едноставно за луѓето е асоцијација за раскош, расфрлање и жени. Парис Лацис Грчкиот богаташ Парис Лацис е наследник на империјата на Јанис Лацис, познат по својот бизнис со бродови, кој подоцна го прошири и во банкарскиот свет и недвижнините. Вкупното богатство на неговото семејство е проценето на 7,5 милијарди долари. Со тоа Лацис и тоа како има што да троши. Сепак на таблоидите најпознат им беше по кратката свршувачка со Парис Хилтон која траеше четири месеци. Лапо Елкан Елкан е човек за кој можете слободно да речете дека животот му бил отсекогаш мед и млеко. Тој потекнува од италијанско семејство со сина крв, роден е во Њујорк и за време на кариерата има работено повеќе различни работи, сите која од која. Во 2001 година му бил личен асистент на Хенри Кисинџер, работел како маркетинг стратег за Ferrari и Maserati, а во 2003 стана маркетинг директор на Fiat. Важи за човек со стил и магазините на неколку наврати го имаат прогласено за најубаво облечен маж. За неговиот приватен живот и нема нешто многу детали, но познат е како посакуван маж во високите кругови. Хју Хефнер И секако кој би можел да биде поголем плејбој од самиот сопственик на Playboy? Хефнер изгради империја позади своето име создавајќи бренд од познатото списание и според мнозинството го живее сонот на секој маж. Во неговата палата се сместени мноштво русокоси и велат дека Хефнер спие со секоја од нив кога ќе посака. За малку ќе се венчаше со една 25 годишна зајачица, но на големо изненадување таа беше таа што го остави пред да стапат во брак. Можеби нема толкаво богатство како останатите на листата, но епитетот плејбој посекако го заслужува најмногу од сите нив.