18 Мај, 2024
0.0381

Најполуларното на Твитер за 2013 година

Објавено во: Стил 29 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Од 2006 година наваму, 554 милиони луѓе ја откриле магијата на пораките во 140 карактери . Twitter е местото каде што можеме да комуницираме и со ѕвездите . Познатите личности имаат милиони следбеници и често одговараат на твитови на обични луѓе . Дури Папата и Обама се на Twitter. Видете кои ѕвезди имаат најмногу следбеници на Twitter во моментов , како и кои се нивните најпопуларни твитови за годината: 10 . Ештон Качер - @ aplusk : 15.2 милиони следбеници Освен драмата со разводот со Деми Мур и врската со Мила Кунис , сметката на Качер стана популарна и со војната меѓу актерот и Walmart . Покрај веста за ниските приходи на вработените во синџирот , Качер објави Tweety, во кој праша го Walmart дали профитот им е толку важен што не можат да им платат на вработените барем колку да се над прагот на сиромаштијата. Ова стана најпопуларниот негов  твит за годината. 9 . Ким Карадшиян - @ KimKardashian : 18,8 милиони следбеници Оваа година таа стана мајка , процес кој беше добро следен на интернет. Ким пушташе слики од фигурата по раѓањето , што предизвика вистински бес на мрежата. Оваа слика е најпопуларниот нејзин пост. 8 . Опра Винфри , @ oprah : 22.3 милиони следбеници Оваа година Опра го искористи Twitter на неколку пати , каде упати обвинувања за расизам. Прво таа најави дека ослободувањето на Џорџ Зимерман - маж кој пукал во црн младич на улица , бидејќи му изгледал сомнително и беше ослободен од судот , е расистички . Потоа таа сподели и една забавна случка од Цирих - продавачка во продавница не ја препознала Опра и одбила да и ја покаже поскапата торба , алудирајќи дека цената е превисока за неа . Ова е најпопуларното нејзино објавување за 2013 година. 7 . Елен Деџенерис - @ TheEllenShow : 23.8 милиони следбеници ТВ водителката позната по својата смисла за хумор , е многу популарна на Twitter. Ова е најпопуларниот нејзиниот пост оваа година. 6 . Бритни Спирс - @ britneyspears : 34.4 милиони луѓе 2013 година беше годината на враќањето на Бритни на музичката сцена . Таа ја искористи сметката не само за рекламирање , тука и за пуштање лични информации. Најпопуларниот нејзин твит за годината: 5 . Тејлор Свифт - @ taylorswift13 : 37.1 милиони следбеници Таа има, како многу фанови , така и многу хејтери и тие си водат војна на нејзината сметка. Ова е најпопуларниот нејзин твит за годината . 4 . Барак Обама - @ BarackObama : 40.2 милиони следбеници На Twitter претседателот на САД се наоѓа по популарност меѓу Тејлор Свифт и Лејди Гага. Ова е неговата најпопуларна публикација за годината 3 . Лејди Гага @ ladygaga : 40.7 милиони следбеници Гага беше број 1 во оваа листа за 2,5 години. Оваа година таа влезе во војна со некои хејтери кои го критикуваа новиот албум и дури стигна до таму да блокира некои од нив . Ова е најпопуларниот нејзин твит за годината 2 . Џастин Bieber - @ justinbieber : 47.3 милиони следбеници Последната приказна е дека се состанал со претседателот на Мексико , но од претседателската служба не го потврдија тоа . Еве го неговиот најпопуларен твит за годината: 1 . Кејти Пери - @ katyperry : 47.9 милиони следбеници Оваа година таа му го одзеде првото место во рангирањето наБибер . За разлика од Лејди Гага и Ријана таа не влегува во расправии со следбеници. Ова е најпопуларниот нејзин твит за годината: