18 Мај, 2024
0.0347

Најниска невработеност во ЕУ имаат Германија, Чешка и Малта, каде е Македонија?

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Според податоците на Евростат, земја со најниска стапка на невработеност во Европската унија во август била Германија (4,5%).

Следи Чешка (5%) и Малта (5.1%).

Хрватска се уште е една третина од првите земји со највисока стапка на невработеност, со стапка од 15,5%.

0-1443771707

Во Македонија според последните податоци на ДЗС стапката на невработеност била 26,8%.

„Македонија вработува“ или „Македонија исселува“?

Владата прогласи историски успех, за девет години невработеноста во Македонија се намалила од 38% на 26,8%. Според министерот за финансии, ваквите резултати биле очекувани по спроевeдените реформи и програми. Според проценките и очекувањата на Владата, до почетокот на 2017 година, невработеноста треба да се намали на 22%. Дел од домашната експертска јавност оценува дека за реалната слика за состојбата со невработеноста и нејзиното намалување треба да се анализираат два  три клучни фактори: колку од вработувањата се реализирани во приватниот сектор, колку луѓе се избришани од списоците на невработени и колку лица ја напуштиле Македонија.

Како се намали невработеноста …

Ново намалување на невработеноста – заклучно со вториот економски квартал Заводот за статистика измери стапка од 26,8%, што е е една од најниските измерении во последните години. Имено, во земјава има 256 596 лица кои се регистрирани како  невработени.

Овие показатели, според министерот за финансии, упатуваат на тоа дека политиките за зголемување на вработеноста  даваат резултати.

“Бројните реформи за намалување на невработеноста почнаа уште од 2006 кога ги намаливме даноците на рамен данок од 10 проценти кој во практиката е 7,4 проценти, со што Македонија има најниски даноци во Европа. Стапката на ДДВ е меѓу најниските, но и другите трошоци за фирмите преку регулаторната гилотина, преку помошта тие да може да го откупат земјиштето по поволна цена, некаде по едно евро за квадрат како што е во зоните, и преку решавањето на другите прашања од имотно-правна природа, царините. Сите тие политики помогнаа конечно „да се скрши мразот“ и осетно да се почувствува дека проблемот со невработеноста се решава. Помогнаа и можностите за вработување што ги создадовме“, изјави министерот Ставрески.

Според статистичките мерења, најголемиот дел од невработените или 64,9% се лицата од 25 до 49 години, со 18,2% учестувуваат лицата од 50 до 64 години а лицата на возраст од 15 до 24 години во вкупната невработеност имаат удел од 16,9%.

Во изминатиот период државната статистика речиси во континуитет објавува тренд на намалување на невработеноста, со што, според оценките од Владата , невработеноста сега е сведена на рекордно најниско ниво.

Дали невработеноста се намалува вештачки?

Сепак, според дел економистите, прашањето за намалување на невработеноста има повеќе димензии и за да се добие реална слика за состојбата, треба да се анализираат неколку фактори: дали се работи за нови вработувања во приватниот сектор, колкав е уделот на вработувањата во државниот сектор, потоа колку чинат субвенционираните вработувања и како врз целата состојба се одразува одливот на работоспособна сила во странство.

“Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“, изјави неодамна  универзитескиот професор Ванчо Узунов.

Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство.

“Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, вели професорот Узунов.

Според последните достапни мерења што ги спроведе Светска Банка, земјава веќе се соочува со драматичен одлив на граѓани. Од 1998 до 2011 година се отселиле 230 000 жители, односно 10 отсто од вкупниот број. Ако се продолжи со ова темпо, според проценка на Светска банка до 2030 година ќе има помалку од 1,8 милиони жители, наспроти сегашните 2,1 милион. Голем дел од исселените не само што се работоспособни, туку главно се и високо едуцирани лица, кои во потрага по егзистенција и подобар квалитет на живот, секојднавно ја напуштаат земјава.

“Податоците од пописите на населението укажаа на диспропорции во движењата на работоспособниот и активниот контингент, чии големини најчесто кореспондираат, односно сигнализираа намалување на демографската рамка на понудата на работната сила и опаѓање на порастот на активното население. Тие би можеле да се објаснат со загубите на дел од работната сила условени од интензивните емиграциони движења во странство, зголемениот одлив на работната сила со редовното и предвременото пензионирање по разни основи во процесот на транзиција, како и со неоспорниот факт дека релативно голем дел од работоспособното население е неактивно, односно не се регистрира ниту како вработено ниту како невработено“, се констатира во научниот труд “Користењето на човечките ресурси и економијата базирана на знаење во Република Македонија“.

Кој вработува – државата или приватниот сектор?

Според податоците од надлежните институции, заклучно со вториот квартал од годинава имало вкупно 699 578  вработени лица, од нив 541 351 се вработени во приватниот сектор, а 158 226 се во друга сопственост, во која спаѓа и државната.

На крајот од април Владата го објави проектот „Македонија вработува“ преку кој, според владините најави треба да се вработат 150 000 лица. Со овој проект Владата нуди и дава стимулации за нови вработувања, ососбено од помладата популација.

“Овој проект има добра цел, да се стимулираат вработувањата во прватниот сектор. Но кога се соопштуваат бројките за крајните ефекти, мора да се каже колку пари чинат тие нови вработувања во фирмите, бидејќи се директно поддржани од буџетот. Имено, со буџетски пари се финансираат придонесите за вработените и можеби има други форми на субвенции, што ги плаќаат сите граѓани, па оттука, кога се анализираат ефектите, треба да се земе во предвид вкупната слика“, велат аналитичарите за “Фактор“.

За годинава преку Оперативниот план на Агенцијата за вработување е планирано да се потрошат 8,5 милиони евра за зголемување на вработеноста, односно намалување на сиромаштијата, која е најдлабока токму кај категоријата на невработени лица.

Следен фактор кој треба да се анализира е колку вработувања се реализираат во приватниот сектор а колку во јавниот сектор. Во ек на спроведување на проектот Македонија вработува, министерот за финансии потпиша илјадници решанија за трајно вработување под државна капа. На списокот се околу 3 000 лица кои сега имаа статуст на волонтери, хонорарци или се со договро на дело на непоределено време. Од владата објаснија дека се работи за трансформација на вработуавњето од опередело на неопределено време, за што претходно беа направени и законски измени за да се спроведе оваа операција. Од Министерството за финансии информираа дека во Буџетот се обезбедени пари за овие нови трајни вработувања.

Сегашната стапка на невработеност од 26,8% е една од најниските што е измерена во последните години, но и со оваа стапка, Македонија останува една од водечките земји во Европа и во светот според бројот на невработени. Токму овој критериум беше пресуден земјава да се вброи во групата на “најмизерни“ според индексот на мизерија што го објави американски “Бизнис инсајдер“.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа