14 Мај, 2024
0.0494

Најмладиот зависник во земјава има само три години

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Злоупотребата на наркотици во земјава од страна на малолетни деца е проблем со кој државата мора итно да се позанимава, апелираат од Здружението ХОПС - Опции за здрав живот од каде информираа дека во изминатите четири години регистрирале 50 деца зависници од наркотични дроги. Од Здружението изразија загриженост дека оваа бројка е далеку од конечната која според нив е многу поголема. Според нивните регистрирани случаи најмладиот зависник кој дува лепак има само три години, а осумгодишно дете инјектира хероин. „Секојдневно низ улиците се тетерават деца и дуваат лепило. ХОПС има вакви сознанија и бара тие да се згрижат. Нема протоколи за нивен третман. Децата се во постојан ризик од злоупотреба на нивните права. Постои транзитен центар за деца на улица но некаде се затајува, според она што можеме да го забележиме на улиците“, истакна заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа. Од ХОПС апелираат програмите за згрижување на овие деца да бидат одвоени од оние за возрасни и да не биде дозволено овие две групи да стапуваат во контакт, Од здружението, за успешен третман на децата, препорачуваат примарно да се вклучат родителите и семејството и да има амбулантска програма за третман, болничка програма за третман, програми за континуирана грижа и програми кои користат лекови при третманот. Според сознанијата на ХОПС во последните 2 години од злоупотреба на дрога починале три деца. „Секогаш гледаме да ги измотивираме родителите да се вклучат во процесот а потоа тропаме од врата на врата на клиниките, зависи каде тоа дете ќе биде примено“, вели Воскре Наумовска Илиева од ХОПС.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН