19 Мај, 2024
0.0245

Најмалку 20 загинати во поплавите во Србија и БиХ

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Најмалку 20 луѓе ги загубија животите при катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина и во Србија, соопштија властите во двете држави.

Во БиХ во поплавите загинаа 12 луѓе, а во Србија осуммина.

Продолжува евакуацијата на граѓаните од Обреновац и околните места кои целосно се под вода. Со хеликоптери се довезуваат лицата кои имаат потешкотии при движењето и од подрачјата до кои не може да се стигне по пат. Голем број луѓе пешки го поминуваат мостот до Мислѓин, каде ги чекаат автобуси откаде се превезуваат до Белград.

Нивото на река Сава е на највисоко ниво во историјата и во моментот изнесува 652 сантиметри, а според прогнозите и понатаму ќе расте, изјави денеска началникот на Генералштабот на Војската на Србија, Љубиша Дикович.

Тој истакна дека нивото на реката расте по три сантиметри на час и оти и понатаму се преземаат мерки за заштита на граѓаните на Шабац.

- По 17 часот успешно беа евакирани жителите на Барич, а базните постројки се под контрола, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека нема место за паника. Барич се наоѓа во близина на најзасегнатиот град Обреновац и 30 километри од Белград.

Хеликпотерската единица на српското Министерство за внатрешни рабвоти до 18 часот евакуира 1.548 луѓе, меѓу кои најголем број се жени, деца и постари лица.

Претходно, заменик-градоначалникот на Белград Андреја Младеновиќ изјави дека Белград има капацитети за прием на евакуираните жители од Обреновац и од Барич. Тој наведе и дека во здравствените центри се ослободени доволно места за граѓаните на кои им е потребна медицинска помош.

Хрватска денеска испрати пожарникари и припадници на единицата за цивилна заштита во поплавените подрачја на Србија.

На денешната седница на хрватската Влада донесена е одлука во Србија да се испратат пет припадници на Државната управа за заштита и спасување, две возила и два чамци и дополнителна опрема, како и 10 членови на Државната пожарникарска интервентна единица и три возила

На седницата донесена е и одлука за продолжување на ангажирањето во Босна И Херцеговина, каде од 15 мај се наоѓаат два воени хеликоптери со екипаж и припадници на Вооружените сили на Република Хрватска.

До денеска 14 од 28 земји-членки на Европската унија испратија помош во Србија и во БиХ.

Повеќе од 1,2 милион луѓе се загрозени од поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина. Вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ е 12, шест тела утрово се пронајдени во Добој, а пет луѓе настрадале вчера.

Во БиХ има опасност и од лизгање на земјиштето. Најтешка е ситуацијата во Посавина, во Шамац, во Орашје, а во Бијелина масовно се евакуираше населениетоп откако попушти насипот на Батковиќ на Сава.

Насипот кај Височ на Сава е загрозен и водата продира меѓу вреќите, а на пет села им се заканува целсен потоп.

Нивото на Сава се искачи до врвовите на насипите, но опасност има и од Дрина.

Во меѓувреме Владата на Република Српска донесе одлука за прогласување на вонредна состојба бидејќи многу локални заедници и понатаму се во опасност од поплави.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел