18 Мај, 2024
0.0251

Најиритирачки нешта кои луѓето ги прават во авионите

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Сакате да однесете специјален подарок во странство -тогаш не го расипувајте расположението за  празниците, доколку правите некоја од следниве работи кога летате со авион , јавува CNN . Оттаму направија листа на најиритирачки нешта кои луѓето прават во авионите. Така ова се 20 -те најлоши работи во авион: 20 . Злоупотребување на работите на другите во местото за багаж над главата Сте пристигнале на аеродромот навреме, сте се качиле на авионот и го користите местото за багаж над главатаза да го поставите палтото и новата капа . Потоа доаѓа некој кој врз вашите работи става куфер, детска количка и шопинг торба, а потоа оди и седнува на своето место во 10 реда подолу. 19 . Избор на филм за гледање Филмовите во авионите се важни, освен во случаите кога соседот до вас избира на 30 минути кој филм да го гледа. Друг интересен момент е кога некој до вас го гледа истиот филм како вас , но дејството кај него се развива со неколку минути понапред , па на тој начин ви го расипува задоволство 18 . Постојано тропање со нозете Ова не се среќава многу често , но на ваквата висина е иритирачки. Еден патник признава дека го прави тоа во авионот, па се случило еднаш жената до него да му стави рака на коленото , давајки му знак да запре. 17 . Качувањето во авионот последни според бројот или буквата на групата Повеќето авиокомпании имаат систем за качувањето на стотици патници во авионот за што е можно помалку време . Поради оваа причина патниците се поделени на групи или на броеви . Кога човек е во последната група , секогаш е гледа како сите други го земале сето слободно место за багаж над главите . 16 . Плачење на бебиња Дали вреди човечката раса да продолжи? Човек може и да рече не, посебно кога за време на летот се наоѓа во близина на мало дете кое плаче цело време . Во студиите на многу авиокомпании за тоа што би сакале да има за избор, патниците често посочуваат зони без деца. 15 . Луѓето се вознемируваат кога соседот станува од местото за да оди во тоалет, или пак со тоа се правда за да го земе местото подалеку од прозорецот 14 . Џагор по телефон „Ало, штотуку слетав .... ме слушаш  ? ... Штотуку слетав ... На патеката сум ... сега ме слушна? ? ... Тукушто слетав ... " 13 . Јадењето со  силен мирис Во кризата авиокомпаниите ја ограничија храната принудувајќи ги патниците да носат сами за јадење . Потребно ли е сепак човек да ги чисти заостанатите работи во фрижидерот , за да ги јаде за време на лет!? 12 . Зборување гласно Ако онлајн дружбата не оди, дали зборувањето гласно низ авионот ќе помогне ? Се обидуваме да читаме . 11 . Воспоставување на превласт при користењето на лактите Оружјето во овој случај е лактот , а лекцијата е дека на ниедно друго место луѓето не прибегнуваат толку брзо до себична војна на заземањето територија , како во авионот. 10 . Присвојувањето на празното место во средината Фала му на Бога , средното место не е зафатено! Додека тој до вас не го окупира со книга , палто или чевли?! 9 . Кашлање , кивање и ширење бактерии Во последните неколку точки се зборува за „Граници " . Во никој друг случај границите не се прекршуваат повеќе жестоко, како кога некој споделува дел од плунка или поминува 20 минути во ширењето на бацили на заразна болест , собрана некаде на одмор. 8 . Играње електронски игри без да се стиши гласот Забавно е како едни од најпознатите иритирачки нешта на светот можат да бидат наречени " игри. " Не , не е забавно, посебно ако треба да ги издржувате со часови 7 . Ставање на огромни куфери по патеката На секој лет секогаш има барем по еден патник со торба која е премногу голема за рачен багаж , а кој се обидува да докаж на сите дека тоа не е така . 6 . Луѓето зад вас , кои се обидуваат да слезат први Што е тоа со летањето , што предизвикува такво примитивно однесување ? Во такви случаи се враќаме во времињата кога опашката од луѓе сеуште не била измислена. 5 . Игнорирање на личната хигиена „Еднаш за време на 7 - часовен лет од Њујорк до Лондон седев до најмиризливиот човек во универзумот ", пишува Сандра Лоренс , која има блог за патувања. „Идејата за сапун и вода очигледно никогаш не го допрела . Авионот беше полн , па немаше спас . Вршење на активности поврзани со личната хигиена , како сечењето ноктите , е исто толку лошо . 4 . Боси нозе Ова е честа поплака. „Летовите се идеално време да ги проветрите нозете ", пишува саркастично Huffington Post. Уште поодвратно е кога некои од овие луѓе стануваат и одат во тоалет во авионот боси. 3 . Окупирање на тоалетот Што ли прави внатре , се прашуваат луѓето , додека чекаат пред тоалетот . 2 . Навалување на потпирачот назад Чудно е како е дозволено со притискање на копчето потпирачот да отиде толки нананазад , па  човекот на задното седиште е сосема приклештен 1 . Клоцање и туркање кон предното седиште Тоа најмногу ги иритира луѓето во авионите. Седиштата на авионите се исклучително лесни, бидејќи се дизајнирани така што штедат гориво , што значи дека го пренесуваат и најмалиот допир и дури го засилуваат . Кутриот човечек на предното седиште ја чувствува постојано вашата рачка за склопување и пребаруваљето по џебот на седиштето.