18 Мај, 2024
0.0254

Најинтригантните градови во светот

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Градските чуда оваа година се во фокусот на кампањата за прогласување на нови Седум светски чуда (New7wonders.com) која е во тек, откако швајцарскиот уредник и истражувач Бернард Вебер со 100 милиони гласови поддршка во 2007 година го започна новиот избор. Таџ Махал и Големиот Кинески ѕид се меѓу победниците. „Овој список од 28 истакнати градови одразува разновидност на урбаното општество особено денес кога за прв пат во историјата, повеќе од половина планета живее во градови“, вели Вебер. „Кампањата за избирање на градовите за Новите седум светски чуда треба да ја охрабри дебатата за тоа како градовите треба да реагираат на предизвиците на современото општество, меѓутоа и во иднината“. Има  три фази на елиминација, а натпреварот ќе биде завршен на 7 декември 2014 година. Ова се дел од 28-те финалисти: Атина Бангкок Барселона Бејрут Казабланка Хавана Следуваат: ЧикагоДоха,Дурбан,Хо Ши Мин Сити,Истанбул,Куала Лумпир,Кјото,Лондон, Санкт Петерсбург,Ванкувер,Виган,Сенжен,Сеул,Рејкјавик,Кито,Прага.Пном Пен,Перт,Мумбај,Мексико Сити,Мендоза, Ла Паз.