15 Мај, 2024
0.0278

Најголемиот ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА викендов во Skopje City Mall

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Денес кога сите живееме со брзо темпо и водиме динамичен живот, понекогаш забораваме колку е драгоцено времето поминато со нашите најблиски. Токму од таа причина, Skopje City Mall викендов организира Фестивал за деца, кој ќе ги спои семејствата со многу изненадувања и забава за сите. Родители, искористете го времето квалитетно со своите најмили и поминете си незаборавно викендов во Skopje City Mall на Фестивалот кој започнува од петок и ќе трае сѐ до недела.  

Главна атракција на “Kids Festival” ќе биде ТАЛЕНТ ШОУ-то, каде ќе се избираат млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Победниците ќе бидат активни во следните кампањи на Skopje City Mall, а ќе бидат оценувани преку социјалните медиуми и жири кое од Skopje City Mall засега не го откриваат.

Најпривлечен турнир за тинејџерите ќе биде натпреварот во Play Station (фудбалска игра). Индивидуално или во тимови, заинтересираните ќе ги покажат своите PS способности, а за најдобрите ќе следуваат подароци.

Skopje City Mall пред неколку месеци за прв пат кај нас го организираше големиот LEGO Фестивал. Дечињата беа фасцинирани од магијата на овие безвременски играчки, па затоа Skopje City Mall на фестивалот ќе организира и LEGO турнири, на кои дечињата со помош на инструктор ќе создаваат LEGO фигури и ќе бидат наградувани за истите.

Малите креативни умови ќе ги покажат своите способности во работилниците кои ќе се организираат за време на фестивалот. Во соработка со “Нулта отпад”, учесниците ќе можат од стар електронски отпад да создадат уникатни уметнички дела. Посетителите ќе можат да уживаат и во танцовите изведби на дечиња од неколку школи, а најмалите ќе може да им се придружат.

“Досега традиционално беше организиран Саемот за деца и родители, кој се покажа како доста успешен и интересен за семејствата. Оваа година малку го менуваме концептот во Детски фестивал, каде ќе се забавуваат и тинејџерите. Особено нѝ е драго кога трговскиот центар е исполнет со весели лица и детски насмевки, па затоа и многу често сме организатори на вакви настани со активности посветени токму на нив. Едноставно ова е викенд на забава за целото семејство во Skopje City Mall!” – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Секако дека ниту еден настан организиран во шопинг центар не би бил комплетен без намалувања во продавниците, па така за време на Фестивалот за Деца во 28 продавници во Skopje City Mall ќе може да купите производи со попусти од -20% до -70%.

Целосната програма и информации за активностите и попустите може да ги погледнете наwww.skopjecitymall.mk/kidsfestival.


Можеби ќе ве интересира

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?