14 Мај, 2024
0.0255

НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВОТ ВО ЕВРОПА: Плата 1200 евра, кирија 15 евра, а нема невработени!

Објавено во: Свет 17 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Кога помислите на Шпанија, прво што ви паѓа на памет е Барселона, улиците на градот во кој својот оригинален печат го исткајал Антонио Гауди, незаборавниот парк Guell, Casa Battlo, La Pedrera, Casa Guell и Sagrada Familia, па познатата улица Las Ramblasа на чиј крај се наоѓа статуата на Колумбо... се ова може да го видите ако одите туристички, но ако планирате да живеете и работите во Шпанија, најдобар град за тоа е Мариналеда.

Ако мислевте дека овој град е предалеку, се излажавте, се наоѓа на на југот од Шпанија, во Андалузија, и брои околу 2 700 жители, на површина од 25 квадратни километри и апсолутно е едно од најдобрите места за живот во Европа.

Побарувачката за доселување е толку голема што е воведена листа на чекање за доселување- а се чека и по две години. Досега се изградени околу 350 куќи, а во идните две години би требало да се изградат уште 250.


Просечна плата 1 200 евра

Просечна месечна плата за вработените изнесува 1 200 евра месечно. Можеби не ви изгледаат доволни, но кога се погледне цената на кирии која кај нив изнесува 15 евра месечно, јасно е дека со таква плата може сосема пристојно да живеете.


Сепак, за да можете воопшто да живеете и работите во Шпанија, мора да имате работа или да студирате таму. Ако сте завршиле факултет, и сакате работна пракса во една од најубавите европски земји тоа може да го направите преку некоја агенција и бесплатно да одите во Шпанија. И не само тоа, би можеле да добиете и платен смештај , како и оброк додека сте на пракса. Со парична награда за извршената пракса, и спојување со најголемите светски компании, добивате одлична шанса да се вработите и да останете да живеете токму во оваа земја.

Нема невработени, одлуките се носат на демократски начин

Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички ставови. Наместо блескави реклами и брендови - уличната уметност во облик на графити со пораки на поддршка и солидарност со земјите како Куба и Венецуела. Улиците ги носат имињата на славни борци за работнички права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.


Додека остатокот на Шпанија се занимава со домашната олигархија и странски банки кои ја преземале земјата, одлуките во ова гратче се донесуваат директно преку демократски пат на неделни состаноци кои обично ги посетуваат 300-400 луѓе. Додека невработеноста во Шпанија достигна стапка од 27 отсто во Мариналеда е остварена речиси целосна вработеност.

Можеби ќе ве интересира

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?