14 Мај, 2024
0.0287

НАЈДОБРИ МЕСТА ЗА ОПСТАНОК: Три најбезбедни локации во случај на нуклеарна војна

Објавено во: Свет 18 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Доколку недај боже, дојде до нуклеарна војна, која со оглед на боевите глави кои ги поседуваат Американците и Русите, би можела да го загрози опстанокот на човечкиот вид на Земјата, докторите Беки Алексис и Том Дејвис анализирале и пронашле три најбезбедни локации доколку дојде до таков судир.

Тие сметаат дека моментално живееме во најмирниот период на светската историја, кога и покрај судирите на Блискиот исток и некои други делови од светот, се водат помалку војни, кои се значајно помалку смртоносни од оние во 20 век.

Меѓутоа, поради успешниот нуклеарен експеримент на Северна Кореја, „новата Студена војна“ на Русија и САД, потоа и секогаш нетрпеливите односи меѓу Пакистан и Индија, се водат приказни за веројатноста на избивање нуклеарна војна.

Оваа тема секогаш била омилена меѓу медиумите „желни“ за сензација, а на тежина добива и поради размислувањата на пензионираниот шеф на Пентагон Вилијам Пери, кој смета дека нуклеарната војна денес е поизвесна отколку во текот на 70 и 80 тите години на минатиот век.

Не е на одмет ни да потсетиме дека нуклеарното оружје од времето кога Американците фрлаа бомби на Хирошима и Нгасаки, пред се служело како оружје за закана, кое всушност никој не сака да го активира, а тоа е и разбирливо бидејќи Русија и Америка имаат доволно боеви глави да го загрозат опстанокот на човечкиот вид на нашата планета.

Меѓутоа, ако дојде до такво сценарио, каде да се бега?

Дејвис и Алексис ги лоцирале најбезбедните места во предвид земајќи ги моменталните залихи на нуклеарните боеви глави во државите кои ги поседуваат (САД, Кина, Русија, Обединетото Кралство, Франција, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја), потоа и веројатноста на судири со други нации како и долгорочна временска прогноза.

Како најбезбедно место на светот се покажал Антарктикот, ледениот континент кој воедно е и место на првиот договор за употребата на нуклеарното оружје, со кој во 1959 година е одлучено таму да се спроведуваат мирољубиви истражувања.

Втората опција е Велигденскиот Остров, оддалечен 3 500 километри од бреговите на Јужна Америка.

Третата опција се Маршалските острови, дел од Микронезија, регион во западниот Пацифик.

Иронично, САД во текот на 40 и 50-тите години на минатиот век токму на широко подрачје на овие острови тестирале 67 нуклеарни боеви бомби, поради што американската Комисија за атомска енергија во 1956 год. ги прогласила за „место кое е далеку најзагадено со радијација“.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници