03 Мај, 2024
0.0279

Најденов: Бугарија и Грција заедно против Македонија и Турција

Објавено во: Агробизнис 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Бугарија и Грција треба да се обединат за да се справата со конкуренцијата во земјоделството што доаѓа од земјите соседи Македонија и Турција, повика бугарскиот ресорен министер Мирослав Најденов.

Според Најденов, кој викендот го посети саемот „Зоотехна“ во Солун, Македонија и Турција се уште не се членки на ЕУ поради што не се задолжени да ги спроведуваат европските закони, а воедно уживаат и привилегии во однос на агросекторот што ги немаат земјоделците во Унијата.

- Соседи сме со Грција и нашата амбиција е да овозможиме поголема заедничка размена, нагласи Најденов.

На долгоорочен план, додаде, освен зголемувањето на конкурентноста, голем предизвик се и климатските промени особено ако се земе предвид дека во регионот веќе е евидентен недостигот од вода.

Најденов повика на интензивирање на трговската размена меѓу Бугарија и Грција преку поголем извоз на бугарски жита во Грција, а поголем увоз на грчко овошје и зеленчук

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?