18 Мај, 2024
0.0277

Најчесто користена интернет лозинка останува 123456

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

И покрај предупредувањата на компјутерски професионалци , некои од најчесто употребуваните лозинки продолжуваат да се "123456" , " iloveyou " и " monkey " , пишува PC Magazine . Минатиот месец Adobe откри дека хакери успеале да стигнат до лозинките на клиенти на компанијата , како и до изворниот код за Cold Fusion . Сајбер напаѓачите објавиле документ што содржи речиси 150 милиони откриени лозинки. Приближно 2 милиони од корисниците на Adobe ја користеле лозинката "123456" . Тоа го утврдил специјалистот за безбедност Џереми Госн . Тој ја анализирал листата и идентификувал најмногу користени лозинки. Анализата му покрива приближно 6 милиони лозинки или помалку од 5 проценти од листата на хакерите . Други популарни лозинки се " 123456789 " , " аdobe123 " , " 12345678 " , " qwerty " , " 1234567 " , " 111111 " , " photoshop " и " 123123", вели Госн . Adobe ги криптира лозинките, но се чини дека компанијата користи еден клуч за сите лозинки . За енкрипција се користи 3DES , што е добро , но со ECB метод , кој е несигурен механизам . Во овој случај, ако некој успее да го открие клучот , тоа значи дека сите лозинки ќе бидат откриени. Џереми Госн не располага со клучот , па затоа е невозможно да се каже дали хакерската листа е веродостојна, но и покрај тоа експертот е убеден дека тоа е така . Фактот дека два милиони сметки ја користеле истата лозинка е лоша вест , соопштува Фокус . Ако се уште не сте смениле ја лозинката во Adobe , направете го тоа и изберете долга, сигурна и единствена лозинка . Не користете лозинка од листата на најпопуларни тајни зборови и рутини на бројки на Госн или разгледајте користење на специјализирана програма за управување со лозинки , коментира PC Magazine .

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата