Најбогатите Словенци ја продаваат компанијата
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2016
Иза и Само Логин, мнозинските сопственици на словенската фирма „Outfit7“, творци на мобилната игра „Talking Tom“ планираат да ја продадат компанијата, сакајќи да го искористат бранот на преземање на произведувачи од забавен софтвер, пишува Блумберг, наведувајќи анонимни, но добро упатени извори.
Околу продажбата на „Outfit7“ советува американската инвестициона банака Goldman Sachs, што привлекло внимание кај другите произведувачи на мобилни игри и апликации, рекле анонимни, но добро упатени извори, кои наведуваат дека вредноста на словенската компанија би можела да достигне 616 милиони долари.
Словенскиот магазин Менаџер , кој оваа година брачниот пар Логин ги стави на врвот на листата најбогати Словенци, пишува дека „Outfit7“ би можел да вреди дури и милијарда евра.
„Outfit7“ заработува со огласување и купување преку апликација. За да ја искористат популарноста кај децата „Outfit7“ понудата ја прошири со веб видео, што е тактика која ја користи и творецот на „Angry Birds“.
„Outfit7“ има околу 9 милиони претплатници на Јутјуб, а видео содржината е прикажана околу 9,4 милијарди пати.
Според податоците на компанијата, на ниво на групата лани оствариле 108 милиони евра приходи од продажба, и 80 милиони чиста добивка.
На сопствениците кои се 120 (Иза и Само Логин држат околу 60 посто удел), лани им се исплатени 74 милиони евра дивиденда, а година претходно околу 39 милиони.
„Holding Outfit7 Investments Limited“ има седиште во Лондон и е даночен обврзник во Кипар. Има 14 ќерки фирми во Лондон, Љубљана, на Кипар, во Швајцарија, Јужна Кореја, Хинг Конг, Кина и САД.
Оваа година се склопени бизниси поврзани со забавен софтвер вредни 22 милијарди долари, најмногу во последните 12 години.