19 Мај, 2024
0.0320

Најбогатиот Македонец со 6 милијарди евра остави зад себе империја

Објавено во: Македонија, Општо 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Пред 3 години, на 87 годишна возраст, почина Мајк Илиќ, еден од најбогатите Македонци во светот. Веста јаобјавија локалните медиуми во Детроит, каде што тој беше исклучително угледен граѓанин.

Мајк Илиќ е роден во 1929 година во САД, и по потекло е од Македонија. Неговите родители беа македонски емигранти кои пристигнаа во САД во 1924 година.

Мајк успеа да создаде своја сопствена продавница која подоцна се претвори во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е многу позната во Америка и Канада. Тој исто така е сопственик на хокеарскиот клуб Ред Вингс, бејзбол тимот Тајгерс и 15% од НБА тимот Пистонс, сите од Детроит, Мичиген.

Успехот со „Little Caesars Pizza“, му помогна на Илиќ да инвестира во други бизниси за храна, спорт и забава.

Списанието „Форбс“ го стави на 86-то место на листата 400 најбогати Американци во 2016 година. Неговото богатство се проценува на околу шест милијарди долари.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информираше дека Илиќ бил еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на организацијата. Тој и неговата сопруга Маријана се совршена американска успешна приказна. Со своите скромни почетоци во Детроит, тој демонстрираше што може да се случи со напорна работа и посветеност. Тие се покажаа како вистински визионери во Детроит, и модели во американското општество, но секогаш горди, и никогаш не ги заборавија своите македонски корени и проблеми на македонскиот народ.

„Татко ми беше претприемач, единствен во својата генерација како визионер и лидер, давајќи силен стимул за нашата организација и за нашето семејство“, рече Кристофер Илиќ, претседател и извршен директор на Илик холдингс. „Тој имаше позитивно влијание во светот на спортот, бизнисот и заедницата, и ние ќе го паметиме и неговата непоколеблива посветеност кон неговите вработени, неговата страст кон великодушноста во Детроит кон другите и неговата посветеност кон семејството и пријателите. Моето семејство и компанијата ќе продолжи да работи напорно за да ја задржи својата енергија присутна во сè што остави. Голема чест за мене што работев со него за раст, развој и одржување на нашите деловни активности, но пред сè, јас сум благодарен и горд што можев да го викам тато “, рече Кристофер.


Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје