03 Мај, 2024
0.0367

Најбогатиот Бразилец изгуби 25 милијарди долари во една година

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Eике Батиста, кој до неодамна беше седмиот најбогат човек во светот, загуби 25 милијарди долари за само една година. Така, на почетокот на 2012 година неговото богатство се проценува на 30 милијарди долари. Една година подоцна, Батиста има 9 милијарди, и падна од листата на  Блумберг на топ 100 милијардери. Сонот на до неодамна најбогатиот Бразилец да стане најбогатиот човек во светот остана неисполнета. неговата визија која до пред една година се чинеше реална - интегрирана компанија, транспорт на нафта и руда за Кина од пристаништето кое го градеше недалеку од Рио де Жанеиро, е уништена. Денес,  пристаништето кое требаше да биде трето по големина во светот, е сеуште во изградба и е само еден од многуте проекти кои не се завршени и не ја исполнија производната  цел.  Заедно со падот на цените на нафтата за 34% од 2008 година и лошата проценка за инвестирање го чини Батиста беше околу 25 милијарди долари. Всушност, Батиста предвиде дека неговата нафтена компанија OGX транспорт ќе испумпува 50.000 барели нафта дневно до крајот на 2012 година, или 730.000 барели дневно до 2015 година, но ова се покажа како лоша проценка бидејќи новите извори на нафта се увидело дека се посиромашни отколку што тој се надевал, а компанијата сега произведува помалку од 17.000 барели нафта дневно. Пазарот реагираше со најголем пад во вредноста на акциите на берзата во Сао Паоло, вредноста на OGX цената беше преполовена во само два дена, изгубени беа 7,9 млијарди долари.