14 Мај, 2024
0.0253

Наградени најдобрите претприемачи во 2014 година

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Васко Дамевски, менаџер на компанијата Ксенос, Демир Хисар, а втората на Сејди Шахсивари, менаџер на Урбан план констракшн од Тетово. Првата награда во категоријата микро претпријатија му е доделена на Андреј Петковски, менаџер на компанија Ѓорго-комерц, Куманово, а втората на Звонко Трпковски, менаџер на компанијата Атлантик од Скопје.

Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 25.000 денари.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, на доделувањето на наградите, истакна дека претприемачите се движечка сила во секоја економија.

„Претприемништвото има важна улога во економскиот развој со свој допринос во полето на иновациите и зголемување на бројот на работни места. Претприемачите го градат општеството со својот иновативен пристап преку креирање и учествување во претприемачки мрежи и генерирање на нови работни места, а со тоа имаат директно економско и социјално влијание“, рече Арсовска.

Министерот за економија, Беким Незири ја додели наградата за најиновативна компанија од технолошки аспект на сопствениците на АЦДЦ-ДЦАЦ, која е единствен производител на повеќестепени пренапонски заштитни уреди во Југоисточна Европа и единствен европски производител на осумстепена пренапонска заштита.

Свое обраќање имаа и Тетјана Лазаревска, извршен директор на Македонската развојна фондација за претпријатија, еден од главните организатори на настанот, како и Арбен Халили, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Престижната награда „Претприемач на годината“ се доделува по 8-ми пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2014“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 27 микро и мало претпријатие, во периодот од 2011 до 2013 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.

Главни организатори на Претприемач на годината 2014 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Организатор и институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија. Спонзор на настанот беше Штедилница Можности.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОБИТНИЦИТЕ

Васко Дамевски, Ксенос, I награда во категоријата мали претпријатија Компанијата Ксенос, чиј менаџер е Дамевски, повеќе од 20 години се занимава со откуп, преработка и продажба на шумски и земјоделски производи на странските пазари. Од широкиот асортиман производи се издвојуваат: свежото овошје, преработките од шумски печурки, преработките од вишни и преработките од шумски плодови. Компанијата и нејзиниот менаџер постојано се стремат да ги прошират преработувачките капацитети, да го зголеми производството и да освојат нови пазари. Пласманите на производите во Франција, Шпанија,Италија, Германија, Унгарија, Швајцарија, Русија и Полска во моментов обезбедуваат работа за 42 вработени. Сејди Шахсивари, Урбан план констракшн, II награда во категоријата мали претпријатија Шахсивари ја раководи компанијата што започнала како мал семеен бизнис во областа на трговијата во 1992 година, за подоцна да се прошири и во областа на угостителството и градежништвото. Од 2002 година до денес Урбан план констракшн и неговиот менаџер се гордеат со стотици метри квадратни изграден или реновиран простор за различни намени. Новата инвестиција во производство на песок како и линијата за производство на бетон ќе го продолжи постојаниот раст на компанијата и ќе го зголеми бројот на вработените кој сега изнесува 32. Андреј Петковски, Ѓорго– комерц, I награда во категоријата микро претпријатија Петковски ја раководи семејната винарија „Премиум“ основана во 2005 година. Производството во винаријата започнало во 2007 година со 10.000 литри, а веќе во 2013 година тоа изнесува 450.000 литри вино. Паралелно со зголемувањето на количините, се зголемува и бројот на пазарите каде што се пласира. Винаријата, под водство на нејзиниот менаџер постојано го подобруваа квалитетот на производите и нивната амбалажа. Инвентивни се во промоцијата и маркетингот, а девизата им е упорност и почитување на договореното, висок квалитет и конкурентна цена. Звонко Трпковски, Атлантик, II награда во категоријата микро претпријатија Трпковски има повеќе од 20 години искуство во бизнисот. По долгогодишното занимавање со трговија, во 2011 година тој започнува со производство на тестенини и го лансира новиот бред – Марчела. Од скромно покривање на пазарот во Скопје во 2011 година, Марчела денес се продава во маркетите низ цела Македонија. Набавката на нова опрема ќе биде инвестиција во поголем квалитет и поголеми количини кои ќе бидат наменети за пазарите надвор од Македонија. Паралелно со ова брендот Марчела ќе стои и на новите производи кои се во фаза на тестирање.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН