19 Мај, 2024
0.0277

НАДВОРЕШЕН ДОЛГ: За една година  – пораст од 361 милион евра!

Објавено во: Финансии 05 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Расте надворешната задолженост на Македонија. Според најновите податоци на Народната Банка, ланската 2015 година завршила со Бруто-надворешен долг од 6,35 милијарди евра и во однос на 2014 година, тој е зголемен за 361,4 милиони евра. Во 2014 година Бруто надворешниот долг изнесувал 5,99 милијради евра. Во 2015 година, надворешната задолженост изнесувала 69,9% од БДП и на годишно ниво се намалила за 0,4%. Според експертите, намалувањето на Бруто надворешниот долг како процет од БДП, наспроти  зголемувањето во апсолутна бројка се објаснува со растот на БДП годишно ниво. Сепак, аналитичарите велат дека иако се  намалува уделот на  надворешната задолженост во БДП, објавените податоци не се конечни, бидејќи може да се очекува корекција на стапката на БДП. Според Петар Гошев, еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер, она што е значајно кај надоворешната задолженост е фактот дека со сегашните позиции, Македонија е веќе во групата на високо задолжени економии. “Овие податоци би укажал дека треба да се земат со резерва, со оглед на тоа што можна е ревизија на стапката на раст на БДП. Она што ја одразува реалната состојба со Бруто надворешниот долг, е неговото изразување во евра, а тука е регистриран пораст. Имено, нашиот долг кон странство најмногу е во евра, само да потсетам дека на пример 60% од размената ни е со земјите од ЕУ, а потоа следуваат и земјите од опкружувањето. Со сегашните параметри за Бруто надворешниот долг, Македонија веќе е во групата на високо задолжени економии“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев. Според податоците од НБМ, на крајот од 2015 година, бруто надворешниот долг на државата изнесувал 2, 092 милијарди евра и во однос на состојбата од 2014 година е регистрирано намалување. Бруто надоворешната задолженост на “останатите сектори“, во кој спаѓа приватниот сектор, изнесува 2,032 милијарди евра. Токму кај приватниот долг е забележан постојан пораст и тој на крајот од 2015 година достигна 36,7% од БДП.  Обврските на Народната Банка на крајот од минатата година изнесувале 83 милиони евра. Бруто надворешниот долг по основ на директни инвестиции, обврски меѓу поврзани претпријатија изнесувал 1,56 милијарди евра а банките 586 милиони евра. Последните објавени податоци на НБМ укажуваат дека надворешната задолженост на државата се намалува, но на сметка на внатрешниот долг, кој е во пораст. Од аспект на рочноста, долгорочните обврски учествуваат со 54,54% а краткорочните обврски кон странство со 15,34% во структурата на вкупниот надворешен долг.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат