01 Мај, 2024
0.0354

НАД 6.000 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Работодавците се мачат да најдат кадар, растат „апетитите“ на работниците

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во државата вчера имаше регистрирано 6.252 слободни работни места. Овој податок стоеше на веб страницата на Агенцијата за вработување.


Се бараат келнери, хигиеничари, луѓе за сервирање на салати, комерцијалисти, возачи за автобуси и други профили. Но, дел од македонските работодавци имаат проблем да најдат работници, посебно ако на работникот во старт му нудат минимална плата. Минималецот не е примамлив за невработените, посебно за младите. Многу маркети, дуќани, сендвичарници на влезовите имаат истакнато огласи во кои се наведува дека им треба работник.

„Се пријавуваат млади кандидати за работа, доаѓаат и за два – три дена си одат. Дали пребираат работа, сакаат повисока плата, а помал  aнгажман, навистина не знам, но ние постојано бараме работници“, велат од кумановски маркет.

Од други фирми во внатрешноста, велат дека нормално е тоа што луѓето одбиваат да работат за минималец, оти со тие пари работниците не можат ништо да направат.

„Кој ќе работи, живо пиле нема по градот. Никој не сака да работи, секој гледа да избега од овде, затоа што со 200 евра не се живее. Што ќе придонесе за самиот себеси тој човек со ниска плата? Ненормално е да се живее во Македонија со толку мали плати“, смета Игор Т. трговец од Гевгелија.

Во кочанска млекарница исто така раскажуваат дека прво проблем е што не се пријавуваат работници на огласите, но и да се пријават бараат висока плата, а немаат соодветно знаење.

„Првиот месец добиваат минималец, плус обезбедена храна и превоз, но не сакаат да работат и по месец дена се откажуваат. Овие луѓе немаат знаење, не знаат да работат, а бараат плата од 20.000 денари. Работните места едвај ги пополнуваме, се нафаќаат да работат луѓето над 50 години, оти на тие години немаат каде да одат“, велат од млекарницата.

Mладите кои сега студираат, се надеваат дека ситуацијата во земјата ќе се смени на подобро.

„Јас како студент по завршување на мојот факултет, очекувам плата над 500 евра и подобри услови за живот во нашата држава, како и можност за полесно вработување без потреба од партиска определба“, изјави Наталија Петковска, студент.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, активното население во Република Македонија изнесувало 962.463 лица, од кои вработени се 794.283, а 168.180 лица се невработени.

Стапката на невработеност изнесува 17.5 отсто, а власта се надева дека во 2020 година, невработеноста ќе се намали на 16 отсто.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?