НА УЖAСОТ ВО ИНДИЈА МУ НЕМА КРАЈ: Вирусот сега „коси“ во руралните средини
Објавено во: Свет 16 Мај, 2021
Голготата во Индија нема крај. Во државата има 4.000 починати лица од коронавирус во еден ден, а многу тела се пронајдени во реките.
Веќе трет ден по ред има мало намалување на бројот на заболени, но вирусот „коси“. Има нагло зголемување на бројот на заразени во држави како Тамил Наду на југ и во руралните области. Вирусот брзо се шири во овие области откако ги уништи градовите.
Индија има вакцинирано нешто повеќе од 40,4 милиони луѓе или само 2,9 проценти од вкупното население чиј број е 1,35 милијарди жители. Индија ќе има 516 милиони дози на вакцина против коронавирусот до јули, изјави вчера министерот за здравство Харш Вардан.
Има повеќе смртни случаи отколку минатата година, констатира Светската здравствена организација (СЗО).