15 Мај, 2024
0.0268

На скијање во Дубаи!

Објавено во: Стил 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Снег во пустината? Во Дубаи дури и тоа е можно. Покриената ски патека „Ski Dubai“, која е дел од еден од најголемите трговски центри во светот - „Mall of the Emirates“, функционира од ноември 2005 година Комплексот вклучува„ планина“ висока 85 метри со пет различни терени од почетници до напраедни скијачи. Главната ски патека е долга 400 метри. Ова е третата најголема затворена ски патека но светот, а  за неа се користат 6 000 тони вештачки снег. За приказната да биде целосна, скијачката  патека е опремена со ски лифтови, еден за седење, другиот за влечење на скијачите. Исклучително ефикасната изолација помага внатре во комплексот да се одржува температура од -1 степени во текот на денот и -6 степени ноќе кога се произведува вештачкиот снег за патеката. Од Дубаи подготвуваат уште и грандиозен ски комплекс наречен „Sunny Mountain Ski Dome“, чија изградба ќе чини 18 милијарди долари. Тој ќе располага со ротирачка ски патека на вештачка планина во која ќе врне снег и ќе има бели мечки. Изградбата започна во февруари 2006 година, но засега се уште нема прогласен датум за отворање на објектот.