19 Мај, 2024
0.0377

На Рангелова не и се допаѓа новото лого на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На Даниела Рангелова, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, не и се допаѓа логото на кампањата „Обнова на Македонија“ со која најголемата опозициска партија тргна со теренски активности и кампања. Ова таа го коментира во интервјуто за „Цивил“.

„ВМРО-ДПМНЕ исто со ново ребрендирање, некој нов знак со триаголници. Обично триаголник е знак на масонското движење… Триаголник со врв нагоре ја искажува моќта на мажите, а со врвот надоле чистата енергија на жените. Мислам дека треба да се смени лого. Бегањето од нивните матични логоа… како да сакаат да побегнат од своите партии… Најверојатно сакаат да покажат дека се чисти политички партии. А кога нешто сакаш да предимензионираш, обично нешто не е во ред“, вели Рангелова.

Таа ја искоментира и кампањата на СДСМ под наслов „На прав пат“ како обид на владеачката партија да се вади за, како што вели таа, слабите економскин резултати.

„Гледам дека политичките партии почнуваат некои кампањи. По мои проценки, можеби не се точни, но мислам дека пред октомври нема да има избори. Можеби е добро за политичките партии за да се држат во добра кондиција. Гледам СДСМ се ребрендира. Што за мене е лоша порака. Партија што е на прав пат, како што им е логото не се ребрендира. Тоа го правиме кога знаеме дека нешто не е во ред. Најверојатно тоа е поради лошата економска политика во државата. Инаку во однос на меѓународната политика ние не можеме да спориме дека ќе добиеме датум за преговори и дека ќе влеземе во НАТО. Но дека лошо се живее и тоа не можеме да кажеме дека не е така“, вели Рангелова.

Таа го поздрави списокот од нови стратешки соработници во тимот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но има забелешка дека има само две жени во него.

- Него го бира лидерот и раководството и си одговара за тимот. Јас кога му викам така тој се лути дека се заканувам, но тоа е само порака. Нормално и јас за ова интервју преземам цела одговорност и стојам зад моите кажани зборови. Ако го прави тимот, треба да одговара за него. Имам забелешка за тимот. Прво во него се вклучени само 2 жени., од вкупно 16 во тимот. Крајно разочарувачки, смета таа.



Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места