17 Мај, 2024
0.0287

На Pickbox пристигнува серијата во продукција на Фифти Сент

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2016

Добивај вести на Viber

На регионалната интернет телевизија, достапна и во Македонија, Pickbox, премиерно пристигнува врвната криминалистичка драма за њујоршкото подземје во која главниот актер е еден бизнисмен, кој својот добро посетен ноќен клуб го користи како параван за бизнис со дрога. Освен што има среден живот, многу пари, убава жена што јаљуби, Дух е човек со статус на моќен дилер и со исклучителна улична интелигенција. Не пропуштајте ја серијата чија една епизода ја гледале повеќе од 6,5 милиони гледачи ширум светот.Сите епизоди на серијата Моќ (Power) на Pickbox ќе може ексклузивно да се гледаат веќе од 8 април.

Серија според бурниот живот на злогласен музичар

Раперот Фифти Сент минатата година наводно банкротираше, но тоа не го спречи да се испроба во продукциските и актерските води. Веројатно нешто и заработил. Иако Фифти Сент нема да го гледаме во главната улога, туку во улогата на ослободениот затвореник Кенан, многу работи низ кои минува главниот лик Дух (Омари Хардвик) се пресликани од животот што порано го живеел раперот. Познато е дека Фифти Сент уште во 2000 година, кога се обидел да се тргне од дрогата и улицата, почнал да живее уреден (да не кажеме легален) живот, па добил дури 9 куршуми во телото, и тоа среде бел ден.

????????????

При пишувањето на сценариото и на креативниот дел за осмислување на серијата, го играв Дух. Потоа разговаравме за тоа колку време би ми одземало и од колку работи би морал да се откажам во животот. Тогаш реков дека сепак Омари ќе мора да го игра Дух, рече Фифти Сент.

Како да се пензионирате од криминалот

Кога Дух сфаќа дека сосема солидно би можел да живее од профитабилниот ноќен клуб и дека нема да мора повеќе да си ги валка рацете (да, тоа вклучува и по некое нужно убиство), повлекувањето нема да биде воопшто лесна задача.

Кога улицата еднаш ќе те проголта, тешко е да најдеш излез.

Во манирот на новите телевизиски серии кои не инсистираат на стопроцентно позитивни или негативни ликови, Дух претставува лик кој има своја добра но и мрачна страна.

Често пати, додека гледаме некоја серија, се фаќаме себеси како ни се допаѓа негативецот. Сите ние сме донекаде одметници. Луѓето често сакаат да ги поместуваат границите и да ги кршат правилата. Сакаат да ги кршат законите. Колку повеќе го прават тоа толку повеќе се чувствуваат како сопствени господари, додава Фифти Сент.

Договор за голотијата

Покрај Омари Хардвик, главните улоги ги играат Џозеф Сикори, пријателот на Дух и партнер во криминалот, како и Лела Лорен и Натури Нотон, кои ги играат двете љубови на Дух. Со оглед на тоа што серијата изобилува со голотија и со секси сцени, пред снимањето воопшто да почнесите главни актери мораа да потпишат договор кој ги обврзува дека без противење ќе ги снимаат сцените со разголеност.

Ако Фифти Сент ви се допаѓа, сигурно ќе уживате во неговата криминалистичка драма и во музиката што ја снимил специјално за серијата. Ако, пак, не сакате рап, Моќ ќе ви понуди приказна која ќе ве освои со дејството веднаш по првата епизода, па ќе се запрашате Што следува понатаму? Моќта и парите се сѐ во животот на еден човек, а можеби Дух ќе ви докаже дека е поинаку.

Гледајте ги сите епизоди на една од најгледаните серии во Америка од 08.04. на Pickbox!

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!