Добивај вести на Viber
Сите оние кои должат над 5.000 евра за данок да бидат поставени на „листи на срамот“, ова е одлуката која денеска ја соопшти Словенската влада. Претходно владата ќе им даде рок од три месеци за да ги подмират обврските, односно до 15 март следната година. При прифаќањето на измените на законот за даночна постапка минатиот месец во парламентот никој отворено не се спротивставил на објавувањето на „листата на срамот“ за даночните должници, иако од опозицијата тврдат дека тоа нема да придонесе на зголемувањето на „даночната култура“.