19 Мај, 2024
0.0280

На јубилејот 20 години Македонска берза се реализира платформата СЕЕ Линк!

Објавено во: Финансии 29 Март, 2016

Добивај вести на Viber

СЕЕ Линк, регионалната платформа преку која се поврзани Бугарската, Загребската и Македонската берза и која е поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), стана целосно оперативна со лансирањето на системот за пренасочување на налозите за тргување.

Почетокот на функционирање на новата технологија беше објавено денеска во Скопје за време на одржувањето на Годишната конференција на Македонската берза, во присуство на претставниците на ЕБОР и директорите на трите берзи основачи на СЕЕ Линк: Ивана Гажиќ (Загребска берза), Иван Такев (Бугарска берза) и Иван Штериев (Македонска берза).

СЕЕ Линк е проект кој го започнаа Бугарската, Македонската и Загребската берза со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување на хартии од вредност котирани на овие три берзи. Во мај 2014 година беше основано заедничко друштво СЕЕ Линк ДОО, со седиште во Скопје, со кое беше и формализирана соработката на овие берзи.

Во јули 2014 година ЕБОР ја поддржа првата фаза од реализацијата на проектот СЕЕ Линк со одобрување на грант од 540.000 евра за воведување на електронски систем за пренасочување на налозите за тргување. Финансирање за овој проект е обезбедено од страна на донаторите на ЕБОР преку посебен фонд. Паралелно со ова, трите берзи имаат сопственичко учество во СЕЕ Линк од вкупно 80.000 евра. Зајакнување на локалните пазари на капитал и поттикнување на користењето на локалните валути е еден од приоритетите на ЕБОР во Западен Балкан. Заложбите на ЕБОР се да се намали зависноста од надворешните извори на финансирање и да се промовира развојот на домашните извори на финансирање.

СЕЕ Линк платформата ќе помогне да се интегрираат домашните пазари на капитал со вкупна пазарна капитализација од 30 милијарди долари и ќе овозможи размена на налози за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи. Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

Андре Кусвек, директор на сектор за развој на домашни валути и пазари на капитал во ЕБОР додаде: "Како што бранот на консолидација на берзите продолжува, помалите берзи заедно ќе бидат многу посилни. Технологијта ќе овозможи поефикасен пристап за инвеститорите и локалните брокери до интегрираниот пазар на капитал, притоа овозможувајќи берзите учеснички во проектот да останат независни. Горди сме што го поддржуваме проектот и се надеваме на негова географска експанзија".

Белградската и Љубљанската берза ја потврдија својата намера за приклучување кон проектот.

Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонската берза истакна: Регионална интеграција е неопходност, и проектот СЕЕ Линк е вистински пример за нејзините бенефити. Тоа, секако, ќе обезбеди поефикасен пристап за инвеститорите и локалните брокери и поголема визибилност на регионот.

Регионално поврзување на македонската со берзите од Балканот!

Ивана Гажиќ, Претседател на управата на Загребска берза додаде: Ние сме многу задоволни од севкупниот развој на проектот. Интересот од други берзи и брокери за приклучување кон проектот постојано расте и ние очекуваме прием на нови учесници во иднина.

„Ние сме убедени дека СЕЕ Линкнабрзо ќе стане генератор на растот на инвестиции во регионот и силно веруваме во успехот на оваа платформа.“, заклучи Иван Такев, Извршен директор на Бугарската берза.

Од 1 април 2016 година ќе се воведат два индекси SEE LinX and SEE LinX EWI коишто ќе придонесат за зголемување на видливоста на регионалните пазари. Индексите ќе бидат составени од акциите на 10-те најликвидни компании коишто котираат на трите берзи учеснички и тоа: 5 од Хрватска, 3 од Бугарија и 2 од Македонија.

Се очекува 22 членки на берзите од Бугарија, Хрватска и Македонија да пристапат и да се поврзат преку СЕЕ Линк платформата преку која вкупно 387 хартии од вредност ќе бидат достапни за тргување.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат