На Хвар натпросечни плати и привилегии за вработените
Објавено во: Економија, Балкан 25 Ноември, 2016
За идната сезона се бараат над 600 сезонски работници, при што се нудат високи плати и други привилегии, а работниците веќе ќе почнат да се регрутираат.
Сезоната започнува со втората половина на март, а првите понуди за работа ќе почнат да пристигнуваат во декември оваа година.
Најголем број на сезонските работници во согласност со обемот на работа се очекува до крајот на април, а времетраењето на ангажманот ќе биде до крајот на октомври.
Од лани воведени се многу новини со што ќе се обезбедат подобри услови за сместување на вработените. Тука спаѓаат бесплатен интернет, нов мебел и бесплатни велосипеди за вработените.
Идната сезона келнери и готвачи ќе земаат од 6000 до 7000 куни плата. Мајстори за коктели ќе добиваат 8000 куни. Платите на собарките ќе бидат 4000 куни. Се бараат млади луѓе кои се стремат кон успешна кариера.
Дополнителни за сите вработени хрватските работодавци обезбедуваат и по три оброци дневно.
Хвар последниве пет години има многу добри деловни резултати и затоа започна нов инвестициски циклус.