15 Мај, 2024
0.0283

На Евросонг Есма и Лозано меѓу 10-те најпопуларни

Објавено во: Стил 14 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

На официјалната гала вечера за почетокот на 58. Избор на песна за Евровизија 2013, странските медиуми се интересираа за нашите претставници Есма и Лозано. Македонските претставници на гала вечерта, каде присуствуваа сите учесници, привлекоа најголем број од медиумите кои од нив бараа изјави. За странските новинари е интересен спојот на двајцата пејачи, а најголем број од прашањата упатени кон Есма и Лозано се однесуваа на комбинацијата на двата стила во песната. „Сидсвенскан“, еден од дневните весници на Шведска, во деветте најпопуларни делегации ја наведе и македонската. - Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија. Оваа манифестација е само уште еден доказ дека изборот на песна и комбинацијата на пејачи за претставување на Македонија е вистински. Македонија оди во финале, изјави кралицата на ромската музика Есма. Според Лозано, можноста да се биде покрај првата дама на ромската музика ширум светот е уникатна. - Да се биде дел од овој настан е навистина големо искуство. Посакувам само добро претставување на Македонија. Тоа навистина ќе ни биде значајно и потребно, додаде Лозано.