18 Мај, 2024
0.0296

На биткоин му се заканува војна со хакери

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Експертите очекуваат значителен пораст на напади на “дигиталните паричници“, односно на корисниците на виртуелната валута биткоин. Прогнозата на експертите од компанијата Касперски Лаб. велат дека сајбер криминалците најмногу ќе се “залепат“ на приватноста на корисниците, нивните пари и биткоини. По скандалот со Едвард Сноуден, Американецот кој откри добро чувани тајни за шпионирање во САД, сите размислуваат за тоа како да го задржат приватниот живот во тајност. Тоа значи заштита на податоците кои се наоѓаат на нивните сметки и компјутери и обезбедување на доверливост на однесувањето на интернет, што ќе доведе до поголема популарност на ВПН услугите и ТОР-анонимизерот како и зголемување на побарувачката за домашни алатки за шифрирање. Во текот на оваа година, експертите на Касперски Лаб. очекуваат дека криминалците на интернет ќе продолжат со развивање на алатки за кражба на готовина, директно или индиректно. За директна кражба, измамниците дополнително ќе ги развиваат алатките наменети за добивање пристап до банковните сметки преку мобилни уреди. Мобилните ботнети ќе се купуваат и продаваат, а ќе бидат користени за дистрибуција на злонамерни цели во име на трети лица. За поддршка на индиректните кражби, веројатно дека ќе се видат уште пософистицирани верзии на Тројанци кои шифрираат податоци на мобилните урдеи, спречувајќи пристап до фотографии, контакти, документи и пораки, додека не се купи декрипциона шифра. Андроид смарт телефонот, без сомневање ќе биде прв на удар на сајбер криминалците, велат од Касперски Лаб.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата